Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност


 Пентагон денеска соопшти дека воени претставници од САД и од повеќе европски земји разработуваат сценарија за Украина, кои ќе бидат претставени на советниците за национална безбедност. Американските и европските воени претставници веќе ги проучуваат безбедносните гаранции за Украина по завршување на војната, откако претседателот Доналд Трамп вети дека САД ќе помогне во заштита на земјата. […]

Мексиканката Овале стана најскапа фудбалерка во историјата


 Мексиканката Лизбет Овале стана најскапата фудбалерка во историјата откако американскиот фудбалски тим Орландо Прајд му плати на нејзиниот поранешен клуб, Тигрес УАНЛ Феменил, 1,5 милиони долари отштета. Овале потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката до 2028 година. Трансферот на 25-годишната мексиканска интернационалка е рекорден во историјата на женскиот фудбал. Претходниот рекорд го […]

Клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 2,37 милијарди фунти


Откако Лидс го ангажираше фудбалерот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави денеска Би-Би-Си. Вкупната потрошувачка на премиерлигашките клубови го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клубови ги урнаа сопствените рекорди. Меѓу нив, […]

Турција ги затвори пристаништата за израелските бродови


Турција денеска официјално го укина бродскиот сообраќај со Израел. Денеска стапува во сила забраната за влез во турските пристаништа за сите бродови кои пловат под знамето на Израел, како и на бродовите кои се во сопственост на израелски државјани. Во исто време, турските власти им забрануваат на сите бродови што пловат под турско знаме да […]

Трамп: Тешко е да се добие војна без да се нападне земјата агресор


Во денешната објава на платформата Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека „многу е тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“. „Тоа е како одличен спортски тим кој има фантастична одбрана, но не му е дозволено да игра напад. Нема шанси за победа! Истото важи […]

Кривична пријава за двајца поранешни раководители на АД Пошта поради „несовесно работење во службата“


СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, по член 353 ст.1 од Кривичниот законик, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошта во државна сопственост Скопје. Според сознанијата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од преземените опсежни истражни дејствија […]

Малезија се откажа од враќање во Формула 1 поради високите трошоци


Малезија денеска објави дека нема повторно да организира трка од Формула 1 во блиска иднина, поради високите трошоци и веќе преполниот календар на натпреварувањето. За да добие организација на нова Ф1 трка, Малезија ќе мора да потпише договор од три до пет години со компанијата „Либерти Медиа“, која ги поседува комерцијалните права на Ф1, што […]

Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајка кај Велешта


Македонскиот бокс е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот боксер Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа ноќеска. Тој имаше само 19 години. „На 20.08.2025 околу 23.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) […]

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. […]

Литванија прогласи зона забранета за летови на границата со Белорусија


Литванија прогласи зона забранета за летови во близина на границата со Белорусија до 1 октомври поради дроновите кои навлегуваат од соседната држава. – Одлуката е донесена поради безбедносната ситуација и заканите по општеството, вклучително и опасноста за цивилното воздухопловство поради нарушување на воздушниот простор од страна на беспилотни летала, изјави портпаролот на литванското Министерство за […]

21 август во историјата – Украдена е Мона Лиза


  Винченцо Перуџа влезе во историјата крадејќи ја Мона Лиза од Лувр на овој ден во 1911 година. Тој беше Италијанец роден во северна Италија кој дошол да работи во Париз. Откако ја украл сликата, се обидел да ја продаде, што ѝ помогнало на полицијата да го пронајде и да ја врати сликата во Лувр. […]

Нашите „мали јазици“ прават значајни дела и потребно е светот да ги слушне, рече венценосецот на СВП Иван Штрпка


Македонија е држава што знае да ги почитува вистинските вредности и задоволство ми е што денес сум присутен меѓу вас. Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, истакна денеска на прес-конференција во Струга, лауреатот на СВП, […]

Украинец уапсен под сомнение дека ја организирал саботажата на гасоводот „Северен тек“


  Италијанските власти уапсија украински државјанин под сомнение дека е еден од организаторите на саботажата на сега веќе непостоечките гасоводи „Северен тек“. Контроверзната структура транспортираше природен гас од Русија до Германија, но беше оштетена од неколку експлозии на 26 септември 2022 година, кои германските власти ги поврзаа со украински осомничени. Во среда вечерта, италијанската полиција […]

САД и ЕУ го финализираа трговскиот договор


Соединетите Американски Држави и Европската Унија во четврток го финализираа прелиминарниот трговски договор што го постигнаа минатиот месец, со царина од 15 проценти за увозот на повеќето европски стоки од САД, вклучувајќи автомобили, фармацевтски производи, полупроводници и дрва. Според постигнатиот договор, ЕУ вети дека ќе ги елиминира царините за сите американски индустриски производи и ќе […]

Трамп се откажа од идејата за средба меѓу Путин и Зеленски


  Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се откаже од обидите за организирање билатерална средба меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во американската администрација. Според изворите на весникот, Трамп одлучил Москва и Киев да организираат разговори лице в лице меѓу самите претседатели, што, според Трамп, треба да биде следниот […]

УЈП: Од 243 контроли за фискализација, кај 37,4 отсто од субјектите имало неправилности


  Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, […]

Норвешка формираше нова арктичка бригада за да ја следи границата со Русија


  Норвешка официјално формираше втора бригада во својот арктички регион на границата со Русија во средата, со што е чекор поблиску до нејзиното ветување кон НАТО за тројно зголемување на бројот на бригади до 2032 година. Новоформираната бригада „Финмарк“ оди рака под рака со првата национална безбедносна стратегија на земјата од почетокот на оваа година, […]

Одлуката на УНЕСКО за статусот на Охридскиот регион да се сфати како обврска, а не како одложување, вели Љутков


Одлуката на Комитетот за светско наследствона УНЕСКО со која на Македонија и на Албанија и беше даден рок до идната година да преземе активности за одбрана на статусот на Охридскиот регион како светско културно и природно наследство, не смее да се сфати како одложување туку како обврска за забрзана акција. Тоа денеска од Охрид го […]

Владата не платила обврски од 900 милиони евра, тврди СДСМ


  Од опозициската СДСМ денеска изјавија дека економската ситуација во земјата е алармантна и дека, според портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, повеќе од 11.000 фирми не исплатиле плати, а владата има 900 милиони евра неисплатени обврски. „Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е […]

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета


 Повеќе од 30 припадници на елитната 83-та руска воздушно-десантна бригада намерно се раниле себеси и своите соборциза да лажираат повреди во борба и нелегално да соберат отштета до 37.000 долари по лице, откри истрагата на Главниот воен истражен оддел на Истражниот комитет на Русија, објави Јунајтед24. Според истрагата, војниците намерно си нанеле рани од огнено […]