Премиерот Мицкоски против министерот Филков: Бадентеровото мнозинство е завршена тема


  Премиерот Христијан Мицкоски брзо одговори на изјавата на министерот за правда Игор Филков дека „можеби е дојдено времето да се ревидира Бадентеровото мнозинство“. Филков во интервју за „Фокус“, направено пред гласањето во Собранието во саботата , кога не беа изгласани измените во Изборниот законик поради немање Бадентерово мнозинство (пратениците на ДУИ беа против), а […]

Ова е најскапиот одмор во Европа: Рекордно високи цени, лежалките на плажа „огин и пламен“


Можете ли да погодите кое место во Европа е најскапо за изнајмување лежалки за плажа? Борбата за лежалки е посебна приказна за многу патници, кои успеваат да добијат место покрај базенот дури и кога немаат намера да го користат. Одмор без море и коктели не е вистински одмор, според многумина. Во моментов, Европа откри каде […]

Комисија со експерти од три различни земји ќе проверува дали имало непотребни операции за профит


Од наредниот месец, приватните здравствени установи ќе мора задолжително да ги отворат базите со информации, за таа цел Комисија во Министерството работи на отстранување на евентуални законски пречки, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. -Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела и ќе пуштиме […]

За мерката Млад земјоделец 117 апликанти, ќе се операционализира по изборите


За мерката Млад земјоделец има 117 апликанти за околу 70 милиони денари, а ќе биде ставена во функција по завршувањето на локалните избори, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Во одговор на новинарско прашање Мицкоски посочи дека Млад земјоделец е многу значајна мерка и оти неколкукратно е зголемен бројот на апликанти споредено со 2023 година. – […]

Инвестициите и иновативните практики се клучот за одржливо лозарство и конкурентна винска индустрија


Воведување на современи стандарди, иновативни практики и напредни технологии се клучни фактори за обезбедување одржлив развој на винарската индустрија во услови на засилени климатски промени. За резултати e неопходно континуирано следење на новите трендови и нивна имплементација, но и силна соработка помеѓу индустријата, експертската јавност и институциите. Ова беа главните заклучоци на конференцијата „Иднината на […]

Ќе се набавуваат 100 нови модерно опремени амбуланти возила


Амбулнатни возила, ќе набавува Владата во следниот период, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање со оглед дека сегашните се застарени. Тој рече дека на последната седница на Владата е донесена одлука за почнување набавка за купување 100 нови модерно опремени амбулантни возила. – Наш главен приоритет е обновата на овој тип на […]

Предлог до компаниите исплатата на солидарниот данок да се изврши во две рати, Мицкоски вели дека понудата е фер


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на Буџетот до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок што го воведе претходната влада, но Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. До компаниите е доставен предлог исплатата на солидарниот данок да […]

Оштетени две возила во Скопје од заталкани зрна од огнено оружје


Во два одделни инциденти, оштетени се два автомобили, паркирани во Ѓорче Петров и во Центар, од заталкани зрна од огнено оружје. На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото […]

Јакимовски ги прашува Мицкоски и Лукровски: Како децата од градинките ќе влијаат на подобрување на бизнис климата?


Со барањата испратени од Сотир Лукровски, кого владејачката ВМРО-ДПМНЕ го номинира за кандидат за градоначалник на Карпош, до фирмите, градинките и училиштата во оваа скопска општина, се кршат законите и се врши невиден притисок врз обични стопанственици, сметаат од Општина Карпош.  Затоа, преку соопштение, Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува […]

СЗО: Телесното казнување на децата носи повеќекратни ризици за нивното физичко и ментално здравје


Лондон – Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи физичкото казнување за глобален проблем на јавното здравје што предизвикува сериозна штета на физичката и менталната благосостојба на децата и може да доведе до криминално однесување во зрелоста. Во новиот извештај на СЗО се наведува дека децата кои во 49 земји со ниски и средни приходи биле […]

Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца


За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево, најави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен.  Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња.  – Во општина […]

Пиволенд од вечерва во Паркот на Франкофонијата во Скопје со домашни изведувачи


Вечерва (21 август) во Паркот на Франкофонијата во Скопје почнува 14-то издание на фестивалот Пиволенд кој ќе трае до 23 август. Најавени се повеќе од 30 брендови на домашни и странски пива и повеќе од 120 видови ќе бидат достапни за дегустација на манифестацијата. Музичката програма ќе започнува од 18 часот и ќе трае до […]

Во јули годишен раст од 9,8 проценти на потрошувачките кредити и 15,3 проценти на станбените, пад кај автомобилските


 Во јули е регистриран годишен раст од 13 проценти и на вкупните депозити и на вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во поголем дел се должи на растот во секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектора, […]

Гори објект во сопственост на „Макотекс“ во Карпош 4


Голем пожар денеска околу пладне зафати објект во скопската населба Карпош. Се работи за простории кои порано биле во сопственост на „Макотекс“, а сега, според првични информации, служат како сервис за возила. Засега нема информации дали во моментот на избувнувањето имало луѓе во објектот. Причините за пожарот не се познати. Видео од местото ја прикажува […]

ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на […]

Со европската премиера на „Приказната на Електра“ спуштена завесата на јубилејното 65.„Охридско лето“


Бурни овации за европската премиера на „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски која вчеравечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  го затвори 65. „Охридско лето“. Изведбата на претставата, не само што се истакна со својата оригинална интерпретација на оригиналот на Софокле, реализирана на квадратно платно, туку понуди и уникатно искуство […]

Трипуновски: Годинава се очекува 25 отсто зголемен род грозје и повисоки откупни цени


Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата […]

22 дела во вториот круг за наградата „Драги“ за 2025


  Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август 2025 (среда) во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од […]

Посипете од овој зачин на местото каде што слетуваат гулабите и ќе ги истерате од вашата тераса засекогаш


Присуството на гулаби на терасата може да стане вистинска главоболка. Иако се убави, тие оставаат измет што ги оштетува оградите и тендите, а исто така пренесуваат штетници и болести што претставуваат ризик и за луѓето и за домашните миленици. Сепак, постои трик како еднаш засекогаш да ги избркате гулабите од вашиот дом. Добрата вест за […]