(Видео) Џеј Ди Венс исвиркан додека делеше хамбургери на Националната гарда во Вашингтон


  Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс беше исвиркан и испратен со скандирања „Ослободете го Вашингтон!“ за време на фотографирањето со војниците на Националната гарда на станицата „Јунион“ во Вашингтон во средата попладне. Делејќи бургери на војниците распоредени минатата недела од Доналд Трамп, во „Шејк Шек“ на станицата, заедно со секретарот за одбрана, Пит Хегсет, и […]

Реј Винстон го прими Почесното срце на Сараево: Фестивалот ги зближува луѓето што се бореа да снимаат филмови, и затоа е уникатен


Актерот Реј Винстон, како признание за неговата извонредна актерска кариера и исклучителен придонес во кинематографијата, синоќа во Националниот театар Сараево го прими Почесното срце на Сараево. „Наградите се смешни работи. И некако најзборувани. А она што го прави ве тера да размислите за причините зошто. Го правам ова 50 години и ве тера да размислите […]

Украина планира в година да започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“


Украина на почетокот на 2026 година ќе започне со масовно производство на крстосувачки ракети FP-5 „Фламинго“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, изминатиов период имало успешни тестирања на ракетата „Фламинго“ што ќе има досег од 3.000 километри, објави „Униан“. Зеленски додаде дека сè додека Украина не може да користи стотици ракети, подетална дискусија за […]

Вучиќ ќе ги брка од работа наставниците што протестираат


Од Српскиот Академскиот пленум информираат дека директорите на основните и средните училишта што се под целосна контрола на СНС добиле партиска директива да не им ги продолжуваат договорите на наставниците кои учествувале во ученичките и граѓански протести, доколку биле вработени на определено време во претходната учебна година. Неколку наставници го информирале Српскиот Академскиот пленум дека […]

ВЛЕН најавува „историски проект“: Ќе го проширува булеварот „Цветан Димов“ во Чаир


Жителите на Чаир конечно ќе го добијат булеварот што со години го очекуваа. Благодарение на ангажманот и посветеноста на ВЛЕН, започнува реализацијата на историскиот проект за проширување на булеварот „Цветан Димов“, инвестиција вредна 10 милиони евра. Овој проект претставува една од најголемите инфраструктурни победи за Чаир во последните децении и е доказ дека ВЛЕН знае […]

Почна спасувањето на политичкиот давеник Додик: По итна постапка се менува Законот за референдум


Утре во 10 часот ќе се одржи посебна седница на Народното собрание на Република Српска, беше одлучено по утринската телефонска седница на Колегиумот на НСРС. На предложениот дневен ред има четири точки. – Прифаќање на оставката на премиерот на Република Српска; – Информација за пресудата на Судот на Босна и Херцеговина изречена за претседателот на […]

Жанета Вангели го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор: Ретроспективна изложба во Чифте амам


Ретроспективна изложба на Жанета Вангели ќе биде отворена, вечерва, во 20 часот, во „Чифте-амам“. Овој проект на Националната галерија на Македонија финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам. Кураторка на проектот е Маја Крстевска, а стручен соработник е Горанчо Ѓорѓиевски. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, а […]

Што е поздраво: Ова е разликата помеѓу црното и белото грозје


Покрај тоа што е слатко и вкусно, ова овошје носи многу придобивки за телото. Без разлика дали претпочитате црно или бело грозје, можете да бидете сигурни дека ќе го освежите вашето тело и ќе го снабдите со потребните витамини и минерали, но што се однесува до науката, постојат разлики. Бело грозје 100 г има 60 […]

Мицкоски отиде во Кочани да си го поправи рејтингот


  Премиерот Христијан Мицкоски вчера го посети Кочани, каде при посетата беше на градските гробишта да одаде почит на загинатите во трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“. Во рамки на посетата, се сретна со дел од родителите кои во тој момент беа на гробиштата и разговараше со нив за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат […]

Филков: Можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство


Можеби е дојдено време да се ревидира Бадентеровото мнозинство, Македонија мора да оди напред, смета министерот за правда Игор Филков,пред гласањето во Собранието за изборните измени и од гласањето во ДИК околу бројот на општинските советници, што ги кочи ДУИ. -Се надевам дека до објавувањето на ова издание, Собранието веќе ќе ја има завршено домашната […]

(Фото) „Балканкан“ се врати по 20 години под отворено небо: Дали нешто се сменило на Балканот?


Урбано Скопје синоќа се собра на специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол, во чест на јубилејот– 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски. На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров […]

И Бујар Османи како Данела Арсовска: Во Чаир се гради без ред и поредок, за сите објекти ќе има ревизија!


  Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави третиот клучен механизам од својата програма за борба против урбаниот хаос и нелегалното градење – системот „Градежна стража“. Механизмот, како што рече, има цел да стави крај на бесправното градење, урбаниот хаос и политичката заштита на нелегалните објекти.   „Во Чаир одамна е изгубено […]

Александар Николоски по кој знае кој пат е во Будимпешта


  Будимпешта, главниот град на Унгарија, е омилената политичка дестинација на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја посети Будимпешта неброено пати. Сега пак е во градот на Дунав и разговара со претставници на најбратската партија на ВМРО-ДПМНЕ – владејачката Фидес на премиерот Виктор Орбан. Министерството за […]

Исчистено околу контејнерите во Дебар Маало и во Буњаковец


Општина Центар изутринава започна со интензивна акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за центарци. Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на […]

Со проектот „Граѓанско око“ Османи ќе го прави Чаир транспарентна општина


  Поранешниот министер за надворешни работи, а сега кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека по толку години во политиката научил дека граѓаните не веруваат на празни ветувања и заложби, туку само на конкретни дела и коренити промени. Тој најавува дека во општината, која сега е во центарот на вниманието поради огромниот број […]

Неефикасен е системот за заштита на жените жртви на родово и семејно насилство


Мерките и активностите на институциите не обезбедуваат соодветна и ефективна поддршка, заштита и реинтеграција на жените жртви на родово базирано и семејно насилство. Системот за заштита е сè уште недоволно развиен, а бројките за жртви и сторители на кривични прекршочни дела во врска со семејно насилство покажуваат загрижувачки континуитет, без подобрување на состојбата. Во 2023 […]

Авионско прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони


Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура, сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, предвидува проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција, јави дописничката на […]

Ќе продолжи со изградба надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ во Радишани


Во заедничка соработка со Министерството за образование и наука ги надминавме проблемите со кои се соочивме при изведба на новата надградба на ООУ „Ацо Шопов”, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи. Новиот објект ќе содржи нови четири училници, со модерен хол, тоалети и сите други неопходни простории. „Оваа надградба ќе биде […]

Се заканувал со бомба на летот Скопје-Анталија, се бара притвор


  Обвинителството отвори истрага за тероризам против лице осомничено дека на 16. овој месец лажно пријавило бомба во авион на Меѓународниот аеродром Скопје. Постапката следи по кривична пријава на МВР, по која предметниот обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување истражна постапка. Осомничениот, во раните утрински часови на 16 август, преку линијата за итни […]