Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија, вели Мицкоски


 Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави денеска мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали ќе се прекине со употреба на таа можност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот којшто е веќе направен. – И […]

Промовиран Индексот на отвореност: Во 2023 година нема значаен напредок, се препорачува засилена имплементација на постојните политики


Под насловот „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“, Фондација Метаморфозис денеска одржа презентација и дискусија на резултатите од Проценката на состојбата на добро владеење во Северна Македонија преку Индексот на отвореност за извршната власт. -Мониторирањето се спроведува осма година по ред, регионално, во Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина и сумираните регионални […]

Мицкоски пак го смени мислењето, сега вели новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на струјата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по формирање на новата влада ќе биде разгледана можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за нејзино намалување. „Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги поканиме и експертите на […]

Како да се едуцираат пушачите внимателно да избираат алтернативи кога со закон не смеете да ги комуницирате овие производи?


Тутунските и никотински производи никогаш не треба да бидат достапни за малолетниците и мора да има ограничувања за возраста, но забраните наметнати на сите полнолетни пушачи кога станува збор за алтернативите на цигарите без чад, ниту ќе им помогнат на пушачите да направат подобар избор, ниту ќе ги спречат малолетниците да ги набавуваат“, стои во […]

Вонреден инспекциски надзор во битолската Клиничка болница и Клиниката за детски болести


Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева во текот на денешниот ден испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести, за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче. Ова се наведува во соопштението, […]

Мицкоски сака на „елегантен начин“ да ја реши ситуацијата со градоначалниците кои станаа пратеници


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави дека по гласањето за новата влада ќе се посвети, меѓудругото, и на прашањето за измени на Законот за локална самоуправа бидејќи неколкумина градоначалници ќе станат министри во неговата влада. Мицкоски рече дека подобро е тоа да се реши на елегантен начин отколку да се трошат милиони […]

ЕК: Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит


Седум европски земји, меѓу кои и Франција, не ги исполнуваат критериумите на ЕУ за буџетскиот дефицит, соопшти денеска Европската комисија. Покрај Франција, тоа се Белгија, Италија, Унгарија, Малта, Полска и Словачка. ЕК го објави Пролетниот пакет на европскиот семестар, кој дава насоки за подобрување на конкурентноста и издржливоста на ЕУ и одржување на здрави јавни […]

УЕФА го избрка од ЕП косовскиот новинар кој ги провоцираше српските навивачи


Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството. УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите. Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“. […]

Архивата на „Охридско лето“ првпат предадена во охридскиот Архив


 Архивската документација на НУ Охридско лето, значајна за зачувувањето на документарното богато наследство, првпат ќе биде предадена во Охридскиот Архив. Согласно Меморандумот за  соработка помеѓи НУ „Охридско лето“ и Државниот Архив, како и меѓусебниот договор помеѓу двете институции, архивската документација на НУ „Охридско лето“, од  нејзиното создавање до денес, беше во целосна процедура на средување […]

Девет театарски претстави, 22 концерти и изложби дел од јубилејното 45 издание на Скопско лето


Дваесет и два концерти, девет театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45 издание на фестивалот Скопско лето што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и […]

Стружанец изработувал лажни дипломи


Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 04.06.2024, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени лажни дипломи и компјутер со фајлови за изработка на фалсификувани дипломи.

Ова е земја со најчиста вода за капење во Европа


Според неодамна објавениот извештај на Европската комисија и Европската агенција за животна средина, соседна Хрватска има најчиста вода за капење. Европа има голема разновидност на прекрасни плажи и места за капење, а секоја година милиони луѓе ги поминуваат своите викенди на локалните плажи разладувајќи се покрај водата. Според најновата годишна проценка на водата за капење, […]

Ново сослушување за убиството на Данка Илиќ: Осомничениот два часа ја повторувал истата приказна


С.Ј., кој е осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, го напушти Вишото јавно обвинителство во Заечар. Тој час и половина зборувал за злосторство кое Србија не го памети. С.Ј., претходно беше сослушан во обвинителството на почетокот на јуни кога ја негираше вината, додека за прв пат по апсењето се бранеше молчејќи, […]

Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок


Брисел – Европската статистичка служба Евростат денеска објави дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ. Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто). […]

Седум лица од Непал им исчезнале на работодавците


Непалците доаѓаат во Македонија за да работат, а речиси секојдневно полицискиот билтен е полн со пријави за нивно оддалечување, односно недоаѓање на работа.   Вчера, во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале. […]

Ноје Цирхер Цајтунг: Проектот Рио Тинто само спиеше, ниту Вучиќ ниту ЕУ не се откажуваат од литиумот во Србија


Во Србија се наѕира она од што се плашеа противниците на експлоатацијата на литиум – дека ветувањето на владата дека ќе престане со истражување во долината Јадар е предизборен маневар и дека проектот за кој е заинтересирана и Европската унија само привремено мирува, пишува Ноје Цирхер Цајтунг (НЦЦ). Швајцарскиот весник пишува дека претседателот на Србија, […]

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените


Претседателот на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, денеска на новинарско прашање дали ќе има зголемувањето на цената  на лебот посочи дека цената на струјата е еден импут кој учествува во финалниот производ и  оти најголем импут за кој треба да се разговара се човечките ресурси.  -Ако електричната енергија за бизнисот се […]

На Eurosatory во Париз, Албанија ја претстави „Шота“, првото оклопно воено возило „Made in Albania“


Првиот прототип на првото оклопно воено возило „Шота“, произведено во Албанија, е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз. Албанија за првпат учествува претставена со 100% албанска компанија на овој саем на кој учествуваат околу 2 илјади компании од целиот свет, што министерот за одбрана Нико Пелеши го смета за многу важен […]

И денеска чади депонијата „Краста“ во Кумановско


 И денеска чади кумановската депонија „Краста“, откако претходно избувна пожар. Жителите на Пчиња не дозволуваат да се внесуваат камиони со смет. Во изјавата за медиумите, велат дека проблемот е децениски и бараат дислокација на депонијата која се наоѓа на неколку километри од селото. Револтирани се бидејќи никој од надлежните не оставрил средба со нив и […]

СДСМ мора да биде доследен во своите политики: Интервју со Александар Бајдевски


  Александар Бајдевски е еден од четворицата кандидати за претседател на СДСМ и за пошироката јавност е најмалку познат. Иако, како долгогодишен заменик министер за информатичко општество и администрација често учествувал на јавни настани каде што дебатирал за важни теми. Бајдевски во интервјуто за Независен вели дека сепак, членовите на СДСМ многу добро го познаваат, […]