Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото


РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева и прнар. На терен се излезени три противпожарни возила и осум пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во […]

Сиљановска Давкова на комеморацијата за Стојан Андов: Тој беше либерал – најдобар писател меѓу политичарите


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на Комеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија. Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, […]

Манфред Вебер реизбран за претседател на ЕПП


Актуелниот претседател на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повторно по четврти пат е избран за лидер на најголемата политичка групација во Европскиот парламент. Огромно мнозинство од членовите на ЕПП гласаа за Вебер, германски политичар од Христијанско-социјалната унија од Баварија, кој ја води ЕПП од 2014 година, се вели во соопштението на таа политичка групација. […]

„Мерсер“: Најскапи градови за живот во 2024 година


 Хонгконг ја задржа титулата најскапо место за живот и престој – на светско ниво, во истражувањето на „Мерсер“ за 2024 година. Топ-листата беше објавена во понеделникот, па кинескиот град, исто како и во 2022. и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1., додека пак, Сингапур е на второто место. Најголем дел од првите […]

Загадувањето на воздухот е поврзано со речиси 2.000 смртни случаи на деца дневно


Речиси 2.000 деца умираат секој ден поради здравствени проблеми поврзани со загадувањето на воздухот – втор најголем ризик фактор за рана смрт во светот, се вели во извештај објавен денеска од Институтот за здравствени ефекти со седиште во САД. Изложеноста на загадениот воздух придонела за смрт на 8,1 милиони луѓе – околу 12 отсто од […]

Бислимоски контра пекарите: Големите пекарски компании не земаат струја од ЕВН Хоум, туку на слободен пазар


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар […]

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година


 Раководството на  бундеслигашот Баерн Минхен и тренерот Томас Тухел се договорија за шема за исплата на пенали. Тренерот го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека на фудбалскиот стручњак ќе му бидат исплатени повеќе од 10 милиони евра. Според „Билд“, Тухел ќе добие околу 10 милиони евра. Но, доколку Томас […]

Регионалната берза за малите и средните претпријатија отвора поширок пазар


Компанијата СЕБ Глобал Платформ Скопје, денеска, ја промовираше првата Регионална Берза за поддршка на малите и средните претпријатија во Македонија. Идејниот творец на бизнис идејата и основач на регионална компанија SEB Global Group и застапник за државава Александар Ѓорѓиевски потенцираше дека апликативниот дел на Платформата sebyou.com дава одговор на суштинското прашање за малите и средни […]

Астрологијата открива на кои хороскопски знаци почетокот на летото 2024 им носи среќа!


Летото 2024 година започнува во четврток, 20 јуни 2024 година во 22:50 часот и завршува во недела, 22 септември 2024 година во 14:43 часот. Хороскопот за летото 2024 година носи три клучни настани кои ќе имаат најголемо влијание врз врските и браковите. Летната краткоденица е важен настан кој со векови го слават различни култури ширум […]

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери?


Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата. Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена […]

ЕК го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 – 2,2 милијарди предвидени за ИПА III и 500 милиони за Планот за раст на Западен Балкан


Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 година, кој изнесува 199,7 милијарди евра, информира денеска извршниот потпретседател на ЕК задолжен за економија во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупните средства во Буџетот на ЕУ за следната година, 2,2 милијарди евра се наменети за Инструментот […]

Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, да нема диктат кој да биде претседател


Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.   „Дискусијата со нашите членови во Ѓорче и Аеродром се моќен потсетник за потребата од транспарентност и отчетност во нашата партија. Се заборави на потребите на луѓето. Функционерите зборуваат, а […]

Црна Гора: Со новиот предлог закон за локална самоуправа Улцињ без градски статус


Сите општини на крајбрежјето во Црна Гора ќе добијат статус на град, со исклучок на Улцињ, а тоа го предвидува предлогот на новиот Закон за локална самоуправа, јавија црногорските медиуми. Тоа значи дека Бар, Херцег Нови, Котор, Будва и Тиват ќе добијат статус на град на југ. Од друга страна, на север, само Пљевља и […]

Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали


 Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“  распиша повик за мобилност на млади таленти. Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест […]

Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка


„За убави маалски дружби“, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка –  АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг […]

Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, Бислимоски ветува подобра инфраструктура


Загубите на вода низ Македонија се доста високи со децении, некаде над 60 отсто, но никакво подобрување на системите и цевководите, не ја сменило сликата.  – Во Македонија загубите на вода се некаде на ниво на цела држава 62-63 проценти. Тоа пред сѐ се должи на голем број импровизации во овој сектор и на неинвестирање […]

Битолчани со кола одат на кафе на Широк Сокак и се паркираат на диво за да не платат за паркинг


БИТОЛА – Сериозна во континуитет е ситуација со диво паркираните возила низ Битола, особено во централното градско подрачје и уличките околу Широк Сокак. Платениот паркинг често е празен додека се бара начин како да се паркира во споредна уличка за да се избегне трошокот за паркирање. Возачите како едвај да чекаат да заврши училишната година […]

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини


Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. – Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани […]

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени […]