Македонија со највисоки загуби на вода во регионот, Бислимоски ветува подобра инфраструктура


Фото: Б. Грданоски

Загубите на вода низ Македонија се доста високи со децении, некаде над 60 отсто, но никакво подобрување на системите и цевководите, не ја сменило сликата. 

– Во Македонија загубите на вода се некаде на ниво на цела држава 62-63 проценти. Тоа пред сѐ се должи на голем број импровизации во овој сектор и на неинвестирање во инфраструктура и подобрување на таа инфраструктура. Ние како РКЕ во повеќе наврати кажавме дека не бегаме од одговорност и сме подготвени да ја определуваме крајната цена за сите водни услуги – вели Марко Билсимоски од Регулаторната комисија.

Тој најавува поголеми инвестиции во водоводната мрежа, поправање на дотрајаните системи, а воедно, смета дека намалувањето на загубите ќе значи фактурирани зголемени количини, што нема да доведе до зголемување на цената кај крајниот корисник.

– Имајќи го во предвид нашето искуство и во енергетиката, со тоа што гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на компаниите ќе овозможиме поголем број инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалеиме загубитре на вода на државно ниво и при тоа нема да предизвикамен никакви ценовни шокови. Значи со намалувањето на загубите ќе се зголемат количините кои ќе се фактурираат и на тој начин нема да има никакви потреби за зголемување на цените на водните услуги – додава Бислимоски.

Потенцира дека во однос на земјите од регионот сме една од земјите со највисоки загуби.