Седум лица од Непал им исчезнале на работодавците


Непалците доаѓаат во Македонија за да работат, а речиси секојдневно полицискиот билтен е полн со пријави за нивно оддалечување, односно недоаѓање на работа.
 
Вчера, во 15.45 часот во СВР Скопје, Љ.Џ.(36) од Скопје, овластено лице на приватна фирма, пријавил дека две лица од Непал, кои биле вработени во фирмата, се оддалечиле од хотелот каде престојувале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
 
Истиот ден нешто порано, во  14 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје, сопственик на правен субјект од Скопје, пријавил дека пет лица од Непал, кои биле вработени кај него, се оддалечиле од подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.