ЕК: Седум европски земји не ги исполнуваат критериумите на ЕУ во однос на буџетскиот дефицит


Седум европски земји, меѓу кои и Франција, не ги исполнуваат критериумите на ЕУ за буџетскиот дефицит, соопшти денеска Европската комисија.

Покрај Франција, тоа се Белгија, Италија, Унгарија, Малта, Полска и Словачка.

ЕК го објави Пролетниот пакет на европскиот семестар, кој дава насоки за подобрување на конкурентноста и издржливоста на ЕУ и одржување на здрави јавни финансии.