Ова е земја со најчиста вода за капење во Европа


Според неодамна објавениот извештај на Европската комисија и Европската агенција за животна средина, соседна Хрватска има најчиста вода за капење.

Европа има голема разновидност на прекрасни плажи и места за капење, а секоја година милиони луѓе ги поминуваат своите викенди на локалните плажи разладувајќи се покрај водата.

Според најновата годишна проценка на водата за капење, огромното мнозинство локации во Европа ги исполниле најстрогите стандарди за квалитет на капење. Ова претставува 85 отсто од популарните европски води за капење. Дури 96 отсто од сите официјално идентификувани води за капење во ЕУ ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет, а само 1,5 отсто се оценети како „лоши“.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Brac Beaches & More (@island_brac_beaches)

Квалитетот на водата за капење на плажите низ Европа е значително подобрен во текот на изминатите неколку децении, а извештајот на Европската комисија и Европската агенција за животна средина, кои ја истражуваа водата во сите 27 земји на ЕУ, покажа дека 99,1 отсто од хрватските брегови имаат одличен квалитет на водата – тоа се 886 од 894 тестирани места.

Според Директивата за води за капење, водите се проценуваат со помош на микробиолошки податоци за да се класифицираат како лоши, доволни, добри или одлични.
На второто место се најде Грција, а потоа следуваат Кипар и Австрија. Извештајот исто така покажа дека европските крајбрежни води имаат тенденција да бидат почисти од внатрешните води.