УЕФА го избрка од ЕП косовскиот новинар кој ги провоцираше српските навивачи


Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството.

УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите.

Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“.

 

Казната доаѓа откако Србија веднаш по натпреварот испрати жаллба до Европската куќа на фудбалот.