Астрономски календар


Денеска е четврток, 20 јуни 2024 година, 172-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 194 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Гори магацин за депонирање отпад во Хрватска – воздухот е отровен


Во магацинот на компанијата за депонирање отпад „Еко флор“ во градот Запрешиќ во северозападна Хрватска гори пластика, а на терен се повеќе од 200 пожарникари со повеќе од 40 возила. Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ на местото на пожарот изјави дека се уште нема информации за причината за пожарот и најави ангажирање на робот […]

Повеќе од 900 луѓе починаа на аџилак, во Мека температурата достигна 51,8 степени


Бројот на починати за време на аџилакот во Саудиска Арабија надмина 900, јавија светските агенции, повикувајќи се на податоци од повеќе земји. Семејствата и пријателите пребаруваа болници и бараа информации на Интернет, плашејќи се од најлошото откако температурата завчера во Мека, најсветиот град во исламот, достигна 51,8 степени Целзиусови. Околу 1,8 милиони луѓе од целиот […]

ЕВРО2024: По бод за Швајцарија и Шкотска


Келн – Во натпреварот од второто коло во Групата А на ЕВРО2024 фудбалерите на Шкотска и Швајцарија ремизираа вечерва 1-1 (1-1), со што Швајцарците дојдоа многу блиску до пласман во осминафиналето. Шкотска поведе во 13. минута со голот на Скот Мектоминај, додека Швајцарија израмни на 1-1 со одличниот гол на Шаќири. Германија води во групата […]

Македонските ракометарки со победа стартуваа на јуниорското СП во Скопје


 Македонската женска ракометна репрезентација со триумф вечерва над САД од 32-15 го почна настап на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое денеска стартуваше во Скопје. Македонските ракометарки заминаа на полувреме со предност од 15-6, а во вториот дел им дозволија на противничките да постигнат само три голови и со убедлива победа да го […]

Грузија беше на пат кон ЕУ. Сè запре поради „рускиот закон“


  Амбасадорот на ЕУ во Грузија денеска изјави дека процесот на приближување на земјата кон ЕУ е закочен поради законот за „странски агенти“, колоквијално познат како „руски закон“, кој беше усвоен овој месец. Грузиската новинска агенција Интерпрес го цитираше амбасадорот Павел Херчински дека законот има „негативно влијание врз изгледите на Грузија за напредок“ и дека […]

АА: Елфете Исмаили кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик министер за земјоделство


Раководството на Алијансата за Албанците ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието. Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство. Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на Алијансата […]

Николоски: Ако сакаме ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор


Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата. Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции […]

Без струја утре делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден


 Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман. Во Бутел, струја ќе нема […]

Филипче: На СДСМ му се потребни нови луѓе, но и старите членови интелектуалци, социјалдемократи


Кандидатот за претседател на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче денеска оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На средбите, Филипче истакна дека СДСМ ќе биде партија отворена за сите стари и нови членови кои ќе придонесат за добро на партијата и државата. тОЈ потенцираше дека ако биде избран за претседател […]

ЕВРО2024: Втора победа на Германија


Штутгарт – Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0. Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол. Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето. […]

Грција формира државен фонд за стабилизација


Грција планира да формира државен фонд за стабилизација кој ќе ги инвестира средствата од продажбата на државните средства во инфраструктурни и зелени проекти, изјави министерот за финансии Костис Хацидакис. Фондот ќе ги инвестира средствата од продажбата на имотот оставен во државна сопственост по грчката должничка криза, вклучувајќи недвижен имот, пристаништа и комунални услуги, објасни министерот […]

Тропска бура Алберто над западниот Мексикански Залив


Тропска бура наречена Алберто, прва од сезоната на урагани во Атлантикот во 2024 година, се формираше над западниот Мексикански Залив, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД. Невремето е регистрирано на околу 300 километри источно од Тампико, Мексико, со ветрови од 65 километри на час, изјави метеоролог од Мајами. Бурата Алберто најверојатно ќе се […]

БДП по глава на жител вo Северна Македонија е половина од оној на ЕУ


Во Северна Македонија, бруто домашниот производ по глава на жител е 59 отсто под просекот на ЕУ, покажуваат официјалните европски статистики. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок. Европската статистичка служба Евростат денеска соопшти дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се […]

Вработените масовно даваа отказ, а со овој потег Икеа го спаси својот бизнис


Работниците на Икеа масовно ги напуштаа своите работни места во САД. Во Обединетото Кралство и Ирска, половина од сите нововработени заминаа во првата година. На глобално ниво, секое заминување ја чинеше Икеа 5.000 долари или повеќе за да се замени и најде нов вработен. За да го спречи масовниот егзодус, шведскиот гигант мораше да открие […]

Цената на нафтата над 85 долари


Цените на нафтата денеска се стабилизираа над нивото од 85 долари на меѓународните пазари, балансирајќи помеѓу знаците за опаѓање на американската побарувачка и загриженоста за понудата од Русија. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август беше за 20 центи повисока од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 85,53 долари. Вчера ја затвори […]

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија


Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана дека ќе ја убие својата девојка, објавија руските медиуми. Наредникот Гордон Блек беше осуден пред судот во Владивосток на далечниот исток на Русија и ќе ја отслужи казната во казнена колонија. Блек, кој беше уапсен во мај, […]

ЕВРО2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург


Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024. Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен […]

Во Мека над 50 степени, починаа повеќе од 550 аџии


Најмалку 550 аџии починаа за време на овогодишниот аџилак во Мека, каде температурите се качиле и до 50 степени, пренесува Гардијан. Во споредба, претходната години биле регистрирани 240 починати лица. Од загинатите, 60 лица биле од Јордан, а 323 од Египет. Сите лица од Египет починале поради прекумерните температури, со исклучок на еден, кој загинал откако […]

Над 700 девојки од земјава на возраст меѓу 15 и 19 години станале мајки


Дури 52 проценти од девојчињата на 15-годишна возраст и 29 отсто од момчињата на иста возраст страдаат од повеќе психосоматски симптоми истовремено, повеќепати неделно. Во 2022 година кај нас над 700 мајки биле девојки на возраст меѓу 15 и 19 години, кој кај нас е три пати поголем од просекот во земјите на ЕУ. Потребни […]