Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името


 Ме прашувате што се случува, ви велам не може да продолжиме вака. Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Реал фм“ за ставот […]

Европските акции растат по намалувањето на каматните стапки во Швајцарија


Европските акции пораснаа откако швајцарската национална банка ги намали каматните стапки. Stoxx 600 денеска порасна за 0,4 отсто, а предничат секторите за технологија, осигурување и недвижности, објави Блумберг. Фјучерсите во САД исто така зајакнаа сигнализирајќи нови рекордни вредности благодарение на технолошкиот сектор.

ЕУ воведува 14-ти пакет санкции за Русија


Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска се договорија да воведат 14-ти пакет санкции против Русија поради војната во Украина, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата Х (Твитер). Во соопштението се наведува дека новиот пакет санкции е договорен поради „руската агресија врз Украина“. Овој пакет, како што се наведува, претставува нови насочени мерки и […]

Украинска термоцентрала е оштетена во голем руски напад


Украинска термоцентрала синоќа е оштетена во голем руски напад, најнов насочен кон украинските енергетски инсталации, објави приватниот оператор на електраната ДТЕК. „Уште една тешка ноќ за украинската енергетска индустрија, Русите ја нападнаа термоцентралата на ДТЕК“, соопшти денеска компанијата, посочувајќи дека е направена „сериозна штета“ и дека тројца вработени се повредени. Според компанијата, тоа е седми […]

Им се ветуваат пари, па не им се исплаќаат – земјоделките се откажаа од државната помош


Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини, заклучи Државниот завод за ревизија. […]

Двајца загинати во експлозија на бомба во Цетиње


Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана експлозивна направа, објавија „Вијести“ повикуваји се на извори во Полициската управа. Едно лице загинало на местото на нападот. Според извор од врвот на полициската управа, второто лице им подлегнало подоцна на повредите Според медиумот и двете жртви […]

Шолц ќе се консултира со германските премиери за илегалната миграција


Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе разговара за проблемите поврзани со илегалната миграција со премиерите на германските покраини во Берлин, јави ДПА. Покраините инсистираат пред се дека процедурите за азил за мигрантите да се одвиваат во трети земји надвор од Европската унија. Сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фесер нарача идејата да ја разгледаат експерти на […]

Хезболах му се закани на Кипар


Лидерот на либанската милитантна група Хезболах вчера се закани дека ќе го нападне европскиот остров Кипар доколку избие војна меѓу Израел и Либан, пишува Си-ен-ен. „Кипар, исто така, ќе биде дел од оваа војна ако ги отвори своите аеродроми и бази за израелските сили“, рече Хасан Насрала во телевизиско обраќање само еден ден откако Израел […]

Продолжен притворот за врховниот судија Наке Георгиев


Врховниот судија Наке Геогиев останува во Шутка уште 30 дена. Обвинителството предложило, а судот прифатил да му го продолжи притворот во предметот во кој е осомничен дека зел 10.000 евра од синот на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев за да му обезбеди погодности на таткото, обвинет во предметот познат како „Чибук“ за шверц […]

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари


Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за „најсмртоносниот корпоративен криминал во историјата на САД“. Пол Касел, адвокатот на семејствата, рече дека тоа е разумна сума со оглед на огромната човечка цена на злосторствата на „Боинг“. Би-би-си имал увид во документ од 32 […]

Tрадиционалната модна ревија на студентите од ТМФ годинава е на тема „Време“


По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, ја подготвија традиционалната модна ревија на тема „Време“., што ќе се одржи вечерва, во 20 часот на ТМФ.  Тие го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече […]

Романија одлучува дали ќе го обезбеди системот „патриот“ на Украина


Врховниот совет за национална одбрана на Романија денеска ќе се состане под раководство на претседателот Клаус Јоханис, а меѓу темите на дневниот ред е и анализа на можноста Романија да и го обезбеди на Украина системот за противвоздушна одбрана „патриот“. На состанокот во мај, романскиот Јоханис го увери американскиот претседател Џо Бајден дека Романија ќе […]

Русија ја стави новинарката Татјана Лазарева на листата на терористи


Руското финансиско надзорно тело Росфинмониторинг ја стави телевизиската новинарка Татјана Лазарева на листата „терористи и екстремисти“. Претходно руското Министерството за внатрешни работи соопшти дека поткренало истрага против Лазарева под обвинение за оправдување тероризам. Обвинението произлезе од известувањето на Лазарева за украинските беспилотни летала со кои се напаѓаат руски локации. Минатата недела МВР ја стави новинарката […]

Војник на АРМ почина на КАРИЛ откако му се слошило на „Криволак“


Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“. Како што […]

Седум лица ранети во престрелка во Филаделфија


Филаделфија – Седум лица се ранети во престрелка во Филаделфија во американската сојузна држава Пенсилванија и се во стабилна состојба, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека пукањето се случило доцна синоќа и дека меѓу ранетите има тројца тинејџери на возраст од 16, 18 и 19 години. На местото на инцидентот не е пронајдено оружје и засега нема […]

Свечено одбележување на 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет при УКИМ


По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот ќе се одржи свечено одбележување. На настанот ќе бидат доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале […]

Запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година


Од денеска до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот.  Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за […]

Без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден


Без струја денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во периодот од 9 до 12 часот во Ѓорче Петров струја ќе немаат корисниците од село Волково дел од улица 102, куќите кон патот за село Орман. Во Бутел, струја ќе нема […]

Осака, Радукану, Вознијацки и Кербер добија специјални покани за Вимблдон


Лондон – Тенисерките Наоми Осака, Ема Радукану, Каролина Вознијацки и Анџелик Кербер добија специјални покани за настап на овогодишниот Вимблдон. Организаторот вообичаено им доделува покани на играчи кои не се доволно високо рангирани за директно да се квалификуваат. Јапонката Осака, поранешна тенисерка број еден во светот и освојувач на четири грен слем титули, ќе се врати […]

Сончево и многу топло и УВ индекс 9


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе […]