„Марлена“ со Мирјана Карановиќ на 3 март во Битола, на 4 март во МНТ во Скопје


Поради технички причини, онака како што е замислено од режисерот и сценаристот, невозможно е гостувањето на претставата ,,Марлена” од Сараевскиот народен театар да се одржи во Македонска филхармонија. Од таа причина, после констатацијата на Сараевскиот народен театар, чии продуценти дојдоа на обиколка на Македонската филхармонија, заедно одлучивме претставата да се одржи во Македонскиот народен театар. […]

Дали Апелација ќе го укине притворот за таткото на Вања Ѓорческа?


Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор. Како што информираат за МИА од Апелација, Кривичниот совет сѐ уште нема донесено одлука, а кога ќе има, судот ќе соопшти преку својата веб-страницата. Одбраната на Ѓорчевски, […]

Максим Димитриевски кандидат на ЗНАМ за претседател на државата


Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.  Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи. Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против. -Очекуваме победа. Нашата […]

Над 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина за две години од руската инвазија


Обединетите нации соопштија денеска дека повеќе од 14 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина во текот на двете години од руската инвазија, а речиси 6,5 милиони сега живеат надвор од земјата како бегалци. Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН посочи дека покрај бегалците во странство, околу 3,7 милиони луѓе остануваат раселени во […]

Џафери: МВР треба да дава соодветни и точни информации, а не да прави хаос


Министерството за внатрешни работи треба да дава соодветни и точни информации до граѓаните, а не да прави хаос во перцепцијата на граѓаните. Ова денеска го изјави претседателот на техничката влада Талат Џафери, откако деновиве министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во врска со проблемот за издавањето на пасоши обвини за „саботажа“ во МВР, додека пак, […]

Исплатени стипендиите за учениците и студентите


Министерството за образование и наука информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се средства заклучно со месец февруари 2024 година. Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за […]

Џотиш – најстариот и најточниот хороскоп за втората половина на 2024 година


Индискиот хороскоп не само што дава прогнози, туку може да ви помогне подобро да се разберете себеси, вашата природа, животни задачи и да изградите подобри односи со другите. Индискиот хороскоп е најстариот во светот, а астролозите веруваат дека е и најточен. Се нарекува и џотиш, што значи светлина, а знаците во него се нарекуваат раси. […]

Просечната плата во декември 39.998 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување […]

Силјановска: Време е за жена претседател


Сакам  jaвно да изразам благодарност до сите своии колеги и колешки што ме уверуваа декаа сум добро решение за кандидатка за претседателка и во рекорден рок ги собраа потребните 30 потписи без да знам, порача кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Таа додаде дека за една професорка по демократија ова е драгоцено […]

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење дали рехабилитацијата може да се изврши во нашите установи


Родителите воопшто немаат побарано никакво мислење од соодветна институција за можноста или неможноста за завршување на лекувањето, односно за рехабилитација на тоа дете во нашите установи. Прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажеме, да ја прегледаме целата медицинска документација, да го видиме клинички пациентот и дури потоа стручниот колегиум на соодветните […]

Емили Кларк одликувана од принцот Вилијам за добротворна работа


  Британската актерка Емили Кларк (37) заедно со нејзината мајка Џени во замокот Виндзор беа одликувани со специјално признание за нивната работа во основањето на добротворна организација за повреди на мозокот од принцот Вилијам во име на кралот Чарлс Трети. Признанието кое што е познато како CBE (Commander of the Order of the British Empire) […]

ЕУ ќе инвестира 233 милиони евра во 12 еколошки проекти


Европската комисија донесе одлука да инвестира над 233 милиони евра во 12 нови стратешки проекти низ Европа за поддршка на остварување на целите на ЕУ за животната средина и климата согласно Европскиот зелен договор.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за проекти во Австрија, Бугарија, Ирска, Италија, Литванија, Полска, Финска, […]

Зголемен интересот за вакцини против голема кашлица


Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, изјави денеска заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. – Добрата вест е дека е зголемен интересот за вакцинација, а тоа го покажуваат и бројките. За период од 01.01-08.02.2024 година имало 669 […]

Ви се истури кафе на тепихот? Еве како најлесно да ја исчистите дамката


Излевањето на кафе на вашиот тепих може да изгледа како ноќна мора, но постои лесен начин да ја отстраните дамката, без разлика дали станува збор за свежо истурено кафе или постара дамка. Иако чистењето може да потрае некое време или да бара брз одговор, дамките од кафе може да се исчистат. Постојат неколку начини да […]

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди


Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници во Охрид, кои за среќа, поминале само со телесни повреди.  -Во средата, во 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со […]

Албанскиот парламент го ратификува договорот со кој Италија мигрантите ќе ги испраќа во Албанија


Албанскиот парламент денеска го ратификува договорот за миграција со Италија, кој ѝ дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја. Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори две прифатилишта за мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ. […]

Натпросечните температури ги „разбудија“ овошките


Стабилното, суво и релативно топло време, како и дневните температури кои достигнаа натпросечни вредности за овој период од годината, на некои места и до 17 степени, го поттикнаа пролетното будење на овошките, особено на коскестите видови кои и вообичаено се првите што почнуваат со вегетација. Ова, според агрометеоролозите, особено се однесува на растенијата во јужните […]

Зошто Западот ја губи Украина?


Владимир Путин сигурно ужива во овој момент. Не само што рускиот претседател успеа да ја задуши Минхенската безбедносна конференција со веста за смртта на неговиот главен политички ривал, Алексеј Навални ,тој, исто така, постигна добар успех на бојното поле кога, во текот на викендот, неговите војници конечно го зазедоа градот Авдиивка во источна Украина по тактичкото […]

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски


Дваесетина планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија деветнаесетти пат маршираат во чест на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски. Маршрутата и годинава ја почнаа пред споменикот „Македонија“ во Струмица, подигнат во чест на Трајковски, каде положија цвеќе и со едноминутно молчење му оддадоа почит. -Патот е долг околу 200 километри кој ќе го […]

Србија инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција до 2026 година


Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса […]