Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди
Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници во Охрид, кои за среќа, поминале само со телесни повреди.
-Во средата, во 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопшти полицијата.
Дополнително, во средата, во 13.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, мотоцикл „пиаџо“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.М.(39) од Гостивар, удрил во пешакот А.Д.(39) од с.Србиново, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.