Украинците погодиja со ракети ХИМАРС група руски војници, 60 загинати


  Украинската армија изврши напад од лансираните ракетни системи ХИМАРС на насобрани руски војници во регионот Херсон. Соодветните видеа се појавија на украинските социјални мрежи вечерта на 21 февруари. Според украинскиот проект „Осинт“, нападот бил извршен на полигон лоциран во близина на селото Подо-Калиновка во окупираниот дел на Херсонската област. Извор на руската служба на […]

Европската централна банка со прва годишна загуба во последните две децении


  Европската централна банка во четвртокот ја објави својата прва годишна загуба од 2004 година, по големите исплати поради повисоките каматни стапки. Таа објави загуби од 1,3 милијарди евра (1,4 милијарди долари), што ќе беше повеќе доколку банката не ослободи 6,6 милијарди евра – целата резерва за финансиски ризици, акумулирана во текот на неколку години. […]

Конзилијарно мислење без наведување на интервенцијата што му е потребна на Леонид Индов, според ФЗОМ остава простор за шпекулации


Првостепената комисија на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот.  На брифинг со новинарите поради реакциите во јавноста, директорите […]

МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица


При запишување на деца во градинка Министерството за труд и социјална политика се придржува кон исполнувањето на протоколите за вакцинирање против голема кашлица и ја следи состојбата на терен, изјави за МИА министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при денешната посета на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани. -Имаме стриктни […]

ССМ реагира што Предлог-законот за административни службеници повторно е ставен на собраниска седница


Сојузот на синдикатите на Македонија реагира што Предлог законот за административни службеници, по скратена постапка повторно е ставен на собраниска седница што треба да се одржи денеска. – Укажуваме дека праксата со злоупотребата на европското знаме за кратење на времето за дебата, оневозможување на консултација со синдикатите, со стручната јавност и со сите засегнати страни, […]

Случајот застари, Милошоски нема да одговара во процесот „Моќник“


  Уште еден висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ е ослободен од кривична одговорност поради застарување на неговиот случај што го покрена СЈО. Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, неговиот татко Милош како и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, денеска се ослободени од обвинението за кривичните дела измама и злоупотреба на службената […]

Законите не се засноваат на поединечни случаи, вели Џафери за случајот на Леонид Индов


 Не може да има законски измени и решенија заради одредени случаи. Работата на законите не се заснова на поединечни случаи. Законите се општи правила што треба да важат и што ја даваат можноста консензуално да се процени и оцени кој пациент каде треба да оди во странство, доколку нема предуслови лекувањето да се третира во […]

САД, Британија и Германија го поддржаа холандскиот премиер Марк Руте за генерален секретар на НАТО


  САД и Велика Британија ја поддржаа кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО, во време кога алијансата се соочува со големи предизвици среде руската војна во Украина и обновените прашања за иднината на американската посветеност на трансатлантските односи. „Претседателот Бајден силно ја поддржува кандидатурата на премиерот Руте да […]

Фицо: Словачка ќе ја задржи забраната на одделни земјоделски производи од Украина


 Словачка ќе ја задржи забраната за одредени земјоделски производи од Украина бидејќи им штетат на словачките земјоделци, имајќи предвид дека Европската унија презема чекори за продолжување на пристапот на пазарот за уште една година од јуни, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо. -Политиката на ЕУ во овој поглед е ужасна. Нема проблем да пропаднат земјоделците […]

Главната воена адвокатка на Израел предупреди на неприфатливо однесување на војниците во Газа


Главната воена адвокатка на Израел, генерал-мајор Јифат Томер-Јерушалми, ги предупреди командантите за незаконски дејствија на војниците во Појасот Газа. „Наидовме на случаи на неприфатливо однесување што отстапува од вредностите на ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, напиша таа во порака. Како примери, наведе „несоодветни изјави кои поттикнуваат неприфатлив феномен, неоправдана употреба на сила, вклучително и (сила) врз […]

Тошо Малерот го поддржа Стево Пендаровски, дуото „ДНК“ е за Силјановска-Давкова


  Почна изјаснувањето на јавните личности за кандидатите за претседател на државата. Популарниот лик од легендарните К-15, Тошо Малерот, јавно даде поддршка за кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата. Васко Тодоров, актерот кој го глумеше Тошо Малерот, вели дека Пендаровски е единствениот кој се сетил на К-15. „К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна […]

Оваа година летото би можело да биде пократко, најавуваат метереолозите


Според нумеричките модели кои ги следат метеоролозите, по се изгледа дека во март и април ќе имаме снег, дожд, студено време и мраз.  Метеорологот Славчо Попоски вели дека ова топло време ќе го платиме во следните два месеци. Дополнително, како што објави тој, ладниот метеоролошки феномен „Ла Ниња” може да пристигне уште во текот на […]

Oпожарен автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска


Во Прилеп вчера намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска оттаму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле […]

И граѓанската активистка Мерсиха Смајловиќ е кандидат за претседател


  Познатата хуманитарна активистка, Мерсиха Смајловиќ, ќе биде кандидат за претседател на Бошњачкиот демократски сојуз. Со неа бројот на кандидатите за претседател на државата стигна до девет. Тоа е најголем број досега во историјата на независна Македонија. Смајловиќ е позната во македонската јавност по граѓанскиот ангажман за застапување за човековите права, борбата против дискриминацијата, заложбата […]

Поскапува мазутот


Од полноќ се зголемува цената на мазутот, а цените на бензините остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛОТ и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети

КСС бара повлекување на Законот за административни службеници, по скратена постапка од собраниска седница


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денес се обрати до Претседателот на Собранието, Јован Митрески, со барање за повлекување на точката за Законот за административни службеници, по скратена постапка од дневниот ред на 138-та седница закажана за денес и повика на разумност и соработка, соопштија од КСС. Од КСС посочуваат дека во изминатиот период […]

Најголеми земјопоседници во Србија се месната индустрија „Матијевиќ“ и „Ал Дахра“ од ОАЕ


  Најголеми земјопоседници во Србија се Индустрија меса „Матијевиќ“, компанијата „Ал Дахра“ од Обединетите Арапски Емирати, Делта холдинг, „Алмекс“, „Логин еко“, „Ќориќ аграр“, компанијата „Миле Благојевиќ“, „Елит аграр“ и Ал Равафед и компанијата „Нико“, објави денеска Форбс. Месната индустрија „Матијевиќ“, во чиј состав е „Матијевиќ аграр“, обработува 36.000 хектари земја низ Војводина и 2.000 хектари […]

Данска испраќа на Украина помош во вредност од 247 милиони долари


Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека официјален Копенхаген ќе испрати нов пакет воена помош за Украина во вредност од 247 милиони долари. – Времето не е на страната на Украина. На бојното поле се брои само акцијата, потенцираше Фредериксен. – Украинската борба за слобода е и наша борба, истакна премиерката на Данска.

„Пасошот ви е готов. Не знаеме кога ќе биде донесен“: МВР лута во сопствениот лавиринт


  „Да, пасошот ви е изработен на 5 февруари, но уште не е донесен. Кога ќе се случи тоа не можеме да знаеме“. Ваков одговор добива неколку пати една граѓанка на Скопје која упорно оди во пунктот за пасоши „Беко“ за да ја подигне патната исправа за која се сликаше на 11 јануари. Друга жителка […]

Кузеска: Наместо скечеви пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото име место да прават аматерски скечеви на границите. -Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните.Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот […]