Албанскиот парламент го ратификува договорот со кој Италија мигрантите ќе ги испраќа во Албанија


Албанскиот парламент денеска го ратификува договорот за миграција со Италија, кој ѝ дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја.

Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори две прифатилишта за мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ.

Во едното прифатилиште мигрантите би биле прегледани по пристигнувањето, а во другиот додека се обработуваат нивните барања за азил. На мигрантите потоа ќе им биде дозволено да влезат во Италија или да бидат репатрирани.

Договорот беше оспорен пред албанскиот Уставен суд од претставници на опозициската Демократска партија, кои тврдеа дека тој го прекршува уставот со пренесување територија и државни овластувања на друга земја.

Уставниот суд ги отфрли нивните приговори и даде зелено светло за договорот минатиот месец. Брисел рече дека италијанските планови не го прекршуваат правото на ЕУ.