„Марлена“ со Мирјана Карановиќ на 3 март во Битола, на 4 март во МНТ во Скопје


Поради технички причини, онака како што е замислено од режисерот и сценаристот, невозможно е гостувањето на претставата ,,Марлена” од Сараевскиот народен театар да се одржи во Македонска филхармонија.

Од таа причина, после констатацијата на Сараевскиот народен театар, чии продуценти дојдоа на обиколка на Македонската филхармонија, заедно одлучивме претставата да се одржи во Македонскиот народен театар.

Поради фактот што Македонскиот народен театар не работи во недела, датумот на одржување на претставата се поместува за 4 март, објави организаторот „Авалон“. 

Сите кои имаат купено влезници онлајн на ticketx.mk ќе добијат нови влезници на истиот мејл со кои се купени, соодветни на оние кои веќе ги имаат набавено за Македонска филхармонија, додека сите оние кои имаат купено влезници во некои од продажните места на ticketx, може да се обратат на [email protected] или продажното место од кое ги имаат купено, како би добиле нови влезници за преставата во МНТ на 4 март.

Покрај претставата во Скопје, претставата ,,Марлена” на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски глумици, Мирјана Карановиќ, премиерно ќе гостува и во Битола, на 3 март во ,,Дом на култура”.

Во режија на Харис Пашовиќ, еден од највлијателните драматурзи и режисери во Југоисточна Европа, претставата „Marlene Dietrich – Pet tačaka optužnice“ ја имаше својата меѓународна премиера на италијанскиот фестивал ,,Mittelfest”, а на 3 март ќе одржи ексклузивна премиера во Битола, во ,,Дом на култура”.

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (23 февруари) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk, во продажната мрежа на ticketx низ Македонија и билетарницата на ,,Дом на култура”, по цена од: 600, 700 и 900 денари.