Шефот на Рајанер најави зголемување на цените на билетите


Главниот извршен директор на Рајанер  (Ryanair), Мајкл О’Лири, рече дека проблемите со ограничувањето на бројот на достапни авиони значат дека европските авиокомпании ќе се борат да ја задоволат најголемата побарувачка за патувања. Растот на патниците ќе биде помал од очекуваниот бидејќи испораките на нови авиони на Боинг се одложени, рече О’Лири. Тој изјави дека летово […]

Шестмина номинирани за престижната награда Лауреус


Мадрид – По двајца фудбалери и атлетичари, еден тенисер и возач во Формула 1 се номинирани за престижната Лауреус награда за најдобар спортист во светот во 2023 година. Меѓу номинираните се тенисерот Новак Ѓоковиќ, светскиот првак во Ф1, Макс Ферстапен, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс, како и фудбалерите Лионел Меси и Ерлинг Халанд. Годишната награда […]

Ова е имотот на Џорџ и Амал Клуни во Франција: Близу е до домот на Бред Пит


Амал Клуни имаше полни раце работа. Шетајќи заедно со сопругот Џорџ Клуни низ улиците на Котињак, живописно село во југоисточна Франција, адвокатката за човекови права се наведна да го земе и да го носи своето ново кученце Нелсон, додека разиграниот бернардинец се бореше да научи да оди на поводник. Додека го истражуваа малиот град со […]

Преспанскиот договор не може да го промени ниту Скопје ниту Атина, вели грчката влада


  Ниту македонската ниту грчката страна не може да го промени Преспанскиот договор, затоа што тој е меѓународен договор. Ова денеска во парламентот во Атина го изјави грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, одговарајќи на пратеничко прашање на Реан Дуру од Сириза, која се интересираше зошто парламентот не ги ратификувал трите меморандуми кои чекаат […]

Азиска банка за развој: Царините за јаглерод во ЕУ ќе им наштетат на азиските земји во развој


Планот на Европската унија за воведување царини за увоз на производи со висока содржина на јаглерод може да им наштети на азиските земји во развој и веројатно нема значително да ги намали емисиите на стакленички гасови, објави Азиската банка за развој (АДБ). Механизмот за прилагодување на границите на јаглеродот (ЦБАМ) беше воведен за да се […]

Седум медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство во Црна Гора


Едно трето место во индивидуална конкуренција и шест бронзи во екипните настапи освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство што викендов се одржа во Црна Гора. Претставниците на скопскиот клуб, вкупно осум, беа дел од селекцијата на Македонија која што се натпреваруваше на шампионатот во Подгорица од 23 до 25 февруари. Во поединечните настапи Викторија […]

26 февруари во историјата – Сандинистите беа поразени на изборите во Никарагва


  Една година откако се согласи на слободни избори, левичарската сандинистичка влада на Никарагва изгуби на гласачките места. Изборите ставија крај на повеќе од една деценија на напорите на САД да ја соборат владата на сандинистите. Сандинистите дојдоа на власт кога го соборија долгогодишниот диктатор Анастасио Сомоза во 1979 година. Од самиот почеток, американските власти […]

За Навални ќе се организира јавна комеморација во Москва


Tимот на Алексеј Навални, кој неодамна почина во затвор, најави дека до петок сакаат да организираат јавна комеморација во Москва.   „Бараме сала за јавно збогување со Алексеј“, објави неговата портпаролка Кира Џармиш на „Икс“, поранешен Твитер.   Планираниот датум е крајот на оваа работна недела, додаде таа. Навални почина на 16 февруари во затвор […]

УНИЦЕФ: Помошта за децата во Газа е прашање на живот и смрт


 Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека доставувањето помош за децата во блокираниот Појас Газа е прашање на живот и смрт. „Обезбедувањето помош на децата во Газа е прашање на живот и смрт“, се наведува во објавата на УНИЦЕФ на социјалната мрежа Х. Во соопштението се нагласува дека потребата од вода, храна, лекови и […]

Одбележување на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членови на делегацијата


Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје. Претседателот Пендаровски положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите […]

Во Европската Унија 22,9 отсто од компаниите користат онлајн продажба


Во Европската Унија во 2022 година 22,9 отсто од компаниите користеле онлајн продажба, што е за 6,5 отсто повеќе од 2012 година, објави денеска Евростат на својата веб-страница. Најголем дел од компаниите кои користат онлајн продажба е забележан во Литванија 38,9 отсто, Шведска 38,1 отсто и Данска 36,7 отсто. На другата страна на скалата е […]

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија воведе автоматизирана машина со робот креирана од тим од македонски инженери


Напредна иновација со домашен потпис, воведена во КЕМЕТ Eлектроникс Македонија. Во производните процеси на компанијата воведена е новата автоматизирана машина со робот базирана на најновите иновативни технолошки решенија. Ова напредно технолошко решение е дело на тимот составен од македонски инженери кои се дел од КЕМЕТ Eлектроникс Македонија, соопштија од компанијата. Македонските инженери на развој на […]

Почина американскиот војник кој се самозапали поради војната во Газа


Почина воздухопловецот Арон Бушнел (25), кој се самозапали пред израелската амбасада, јавуваат светските медиуми. Поради повредите тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал. Како што пренесува „Дејли мејл“, тој додека бил под оган извикувал „Ослободете ја Палестина“. Оваа веб-страница наведува дека тој бил инженер во воздухопловната база во Тексас. Според информациите, тој е израснат […]

Пресудата за „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март


Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март откако денеска во Основен кривичен суд Скопје се одржаа завршните зборови од процесот. Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ […]

Борел ја обвинува Лајен за произраелски став


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел ја обвини претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен дека „зазема целосно произраелски став. -Геополитичката цена на патувањето на Фон дер Лејен (во Израел), каде таа зазеде целосно произраелски став и не претставуваше никој друг освен себе во меѓународната политика, беше доста […]

Републиканската партија сака да ја претвори Америка во теократија


Во случајот што се фокусира на тврдењата за погрешна смрт за замрзнати ембриони кои беа случајно уништени во клиника за плодност, врховниот суд во Алабама пресуди дека замрзнатите ембриони се „деца“ според државниот закон. Како резултат на тоа, неколку клиники за ин-витро оплодување (ИВФ) во Алабама ги прекинуваат услугите, плашејќи се да складираат или уништат […]

Славески и Битиќи во клинч за платите


  Едниот преку Икс (порано Твитер), другиот преку Фејсбук – членот на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, актуелен претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за Финансии Трајско Славески, и вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи се фатија во костец докажувајќи колку пораснале платите. И, дали поголем раст […]

Совет од искусните домаќинки: Најдобар начин да ја исчистите тоалетната школка


Дома веќе имате се што ви треба… Стар трик кој се покажа како многу ефикасен кога треба да ја отпуштите ВЦ школката. Кога тоалетот е затнат, стариот „лек“ помага. На модерните домаќинки овој трик им изгледа необичен и „сомнителен“, но нашите баби тврдат дека е неверојатно делотворен и „делува“. Ако не сте знаеле, во старите […]

Мицкоски тврди дека некои претседателски кандидати купуваат потписи


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  е „згрозен од информациите според кои се давале пари за потписи за некои кандидати“. Дел од тие случаи, според него, се документирани и предадени до МВР за натамошно постапување. „Имаше политички опции кои со недели креираа кампања дека за еден ден, за неколку часа, ќе ги собират потписите, но поминаа […]

Самит за Украина и средба на лидерите од Западен Балкан оваа недела во Тирана


Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела во Тирана ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа, на кој е најавено учество на 13 европски лидери, вклучително и шестмината од Западен Балкан, како и претставник на ЕУ. Како што пренесуваат албанските медиуми, Самитот за Украина ќе се одржи в среда на 28 февруари во Конгресната палата во Тирана, […]