Шестмина номинирани за престижната награда Лауреус


Мадрид – По двајца фудбалери и атлетичари, еден тенисер и возач во Формула 1 се номинирани за престижната Лауреус награда за најдобар спортист во светот во 2023 година.

Меѓу номинираните се тенисерот Новак Ѓоковиќ, светскиот првак во Ф1, Макс Ферстапен, атлетичарите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс, како и фудбалерите Лионел Меси и Ерлинг Халанд.

Годишната награда Лауреус во минатото четири пати му беше доделувана на Србинот Ѓоковиќ. Рекордер со пет награди е швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.

Свечената церемонија на доделување на наградата е закажана за 22 април во Мадрид.

Наградата Лауреус се доделува од 2000 година.