Почина американскиот војник кој се самозапали поради војната во Газа


Почина воздухопловецот Арон Бушнел (25), кој се самозапали пред израелската амбасада, јавуваат светските медиуми.

Поради повредите тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал.

Како што пренесува „Дејли мејл“, тој додека бил под оган извикувал „Ослободете ја Палестина“.

Оваа веб-страница наведува дека тој бил инженер во воздухопловната база во Тексас.

Според информациите, тој е израснат во католичко семејство, мајка му работи во издавачка куќа, додека татко му е сопственик на градежна компанија.