Косовската влада го продолжи рокот за промена на српските со косовски регистарски таблички


Владата на Косово го продолжи рокот за замена на нелегалните регистарски таблички со косовски, односно за замена на регистарските таблички издадени од Србија за возилата во северно Косово, со таблички со знакот RKS (Република Косово), јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти владината служба за информирање, рокот кој истече вчера е продолжен за […]

Без вода неколку улици во Козле


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 13:00 часот, поради уличен дефект на улица „Козле“ бриј 171, прекинато водоснабдување имаат корисниците од следниве улици: дел од улица „Козле“, дел од улица „Јуриј Гагарин“ и улиците „Струшка“ „Кораб“ и „Мокра“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување санација на дефектот. 

„Дрим зона“ од соништата за најпалавите, од денеска е отворена во „Дајмонд мол“


Ако сакате адреналин, игри, палавштини, но сето тоа во затворено, на топло и под надзор на будното око на операторите, треба да ја посетите „Дрим зоната“ во „Дајмонд мол“ наменета за најмладите која денеска и официјално беше отворена. На огромен простор распослана е детската „Дрим зона“ која нуди забава и активности за деца од 2 […]

Директорот на Бољшој се повлече од функцијата откако ја критикуваше војната во Украина (видео)


Москва – Директорот на светски познатиот московски театар Бољшој, Владимир Урин, понуди оставка откако ја критикуваше руската војна против Украина.  „Денеска се збогувам со вас, бидејќи денес е мојот последен ден од работа во Бољшој театарот“, им рекол 76-годишниот  на персоналот во видеото што почна вчера да кружи на социјалните мрежи.  Портпаролката на театарот денеска за […]

„Кадуцеј и лира“ – промоција на книга од Сузана В.Спасовска во КИЦ


На 5 декември, во 19 часот, во Салон – Империјал 2 на КИЦ, ќе биде промовирана книгата „Кадуцеј и лира“ од Сузана В.Спасовска.   Промотори на настанот ќе бидат: Ана Димишковска и Гоце Смилевски. Стихови ќе интерпретира актерката Софиа Насевска-Трифуновска. На настанот со музичка придружба на харфа ќе настапи Мерсиха Шукри.   Сузана В. Спасовска […]

Пресуда за поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири (видео)


 Пресуда за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги […]

Фајон: Сите партии да ги направат нужните чекори за да продолжи процесот на претпристапни преговори со ЕУ


 Вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Словенија, Тања Фајон денеска изјави дека уставните измени се клучни за Северна Македонија да оди напред на патот кон Европската унија и ги повика сите политички партии да ги поддржат.  – Ги повикувам сите одговорни партии во оваа држава да ги направат овие нужни чекори како […]

„Flowers“ на Мајли Сајрус е најстримуваната песна во светот


Музичката апликација Спотифај вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година. Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци. Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, […]

Спасовски за исчезнатата Вања: Проверени подруми, 50 камери, речното корито на Вардар, цркви


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска кажа дека МВР прави сѐ и преземени се низа мерки за наоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот. Спасовски не кажа никакви информации во врска со исчезнатото девојче, рече дека во моментов не може да споделува такви податоци, туку што презела полицијата досега.   „Никакви детални […]

Лавров: Јас сум тука, Блинкен избега од средба!


  Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на прес-конференцијата во Скопје држеше лекции буквално за сите – за ЕУ и американските политичари, за Израел, за француското однесување кон Корзика, за „режимот“ во Киев“, за двојните аршини на Вашингтон за државните удари во светот, за двојните аршини на ОБСЕ за човековите права, па и за  новинарите […]

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк


  Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера во САД на фестивалот „DANCES WITH FILMS“ „DANCES WITH FILMS” е во моментот еден од најзначајните гласови на независната филмска индустрија надвор од Холивуд.   По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Ангелес, фестивалот се сели во срцето на […]

Ковачевски и Тренчевска попладне на средба со пензионерите


 Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска попладне ќе се сретнат со претставници на здруженијата на пензионери.  Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите.  Владата со деветиот антикризен пакет предвиде мерки и за пензионерите со најниски примања. Во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади […]

„Музеј на детството“ – изложба на Ешреф Ќахили во Чифте амам


Во првата половина на месец декември 2023, Чифте амам ќе стане „Музеј на детството“. Станува збор за самостојна изложба на ликовниот уметник и професор Ешреф Ќахили од Приштина, Косово. Изложбата ќе се отвори на 5 декември, во 19 ч. На отворањето на изложбата ќе се обрати директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими, и […]

„Рајанер“ воведува летови од Брисел до Сараево и Дубровник


Брисел – Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ најави дека од април 2024 година ќе воведе нови линии од аеродромот „Брисел-Шарлроа“ до Сараево и Дубровник.  Авионите на релациите од Брисел до престолнината на БиХ и до хрватскиот јадрански град ќе летаат четири пати неделно.  – Среќни сме што на нашите клиенти од Брисел им пружаме уште поголем избор […]

Со 80.000 учесници, КOP28 е најголемиот самит на ОН за климата досега


Дубаи– КOP28 е официјално најголемиот самит на ОН за климата досега, со 80.000 учесници регистрирани на список кој — за прв пат — покажува за кого работат. До оваа година, оние што учествуваа не беа обврзани да кажат за кого работат, што го отежнуваше откривањето на лобистите и идентификувањето на потенцијалниот конфликт на интереси на […]

Пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини ќе се реализираат со словенечка помош


  Со словенечка помош во вредност од 2,1 милиони евра ќе се реализираат пет инфраструктурни проекти во пет македонски општини. Тоа го овозможува Меморандумот за меѓународна развојна соработка за периодот 2023-2024 година што денеска го потпишаа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и вицепремиерката и министерка за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон […]

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со „Мојот маж“


По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА од денес до 6ти декември ќе се одржува во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува утре на 2ри декември со претставата „Мојот маж“ на режисерката Нела Витошевиќ. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ […]

Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024


Реката Сена треба да биде местото каде за време на летните Олимписки игри идната година во Париз треба да се натпреваруваат пливачите маратонци, како и триатлонците, а организаторот на Игрите вложува големи средства за сè да мине во најдобар можен ред. Организаторите на Олимписките игри 2024 во Париз најавија денеска дека ќе вложат 1,4 милијарди […]

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во која тој се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќво завршните зборови рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои […]

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол


Вработен во тетовско основно училиште вчера додека работел во дворот нашол пиштол, по што пријавил во СВР Тетово, информираат денесka од тетовската полиција. – Вчера (30 ноември) во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол, информира […]