„Flowers“ на Мајли Сајрус е најстримуваната песна во светот


Музичката апликација Спотифај вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година.

Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.

Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови ширум светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и самодовербата.

Најмногу слушан изведувач во 2023 година беше Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари.

Најмногу стримуван албум на годината беше „Un Verano Sin Ti“ од Bad Bunny, со повеќе од 4,5 милијарди стримови на глобално ниво.