Астрономски календар


Денеска е четврток, 19 октомври 2023 година, 292-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 83 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 50 минути, а ќе зајде во 17 часот и 47 минута. Денов трае 10 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Про-палестински демонстранти го окупираа Капитол (ВИДЕО)


Пропалестински протест е во тек на Капитол Хил додека демонстрантите ја окупираат централната просторија Ротонда, а голема толпа се зголемува околу комплексот. Полицијата одговорна за Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации во зградите на Конгресот и дека работи на расчистување на толпата. Полицијата веќе приведе некои поединци додека околу зградата одекнуваат скандирања за „прекин […]

Бајден до Израелците: Немојте да бидете изедени од гневот


  Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето во Тел Авив во средата изрази жалење за загубата на животи за време на нападите во Израел на 7 октомври од страна на Хамас. Но, тој, исто така, ги предупреди Израелците дека иако можеби чувствуваат бес, не треба да бидат обземени од него. „Предупредувам на ова. Додека го […]

Човекот на Трамп повторно не е избран, Претставничкиот дом на Конгресот на САД се уште е без шеф


Пратеникот Џим Џордан, човекот на Доналд Трамп, денеска повторно не беше избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, што ја продлабочи кризата на таа институција. Претставничкиот дом, во кој мнозинство имаат републиканците, е парализиран веќе 15 дена и не може да гласа за ништо. Единствениот републикански кандидат за шеф на Конгресот во моментов […]

Велика Британија објасни зошто се воздржала од гласањето за резолуцијата во СБ на ОН


Велика Британија се воздржа од гласањето во Советот за безбедност на ОН за војната меѓу Израел и Хамас, бидејќи „треба да биде појасно“ за правата на Израел да се брани. Советот, кој има 15 членки, гласаше за нацрт-резолуција со која ќе се осуди Хамас и секое насилство врз сите цивили, како и да се изврши […]

Америка: Вето бидејќи во резолуцијата не е наведено правото на Израел на самоодбрана


Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд денеска објасни дека САД ставиле вето на резолуцијата на Советот за безбедност за ситуацијата на Блискиот Исток, бидејќи во бразилската нацрт-резолуција не се споменува правото на Израел на самоодбрана. – Како и секоја нација во светот, Израел има инхерентно право на самоодбрана, како што е наведено во […]

Половина Скопје без струја


Без струја во четврток ќе останат делови од општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Илинден, Арачиново и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.  Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Никола Тримпаре“ во Општина Центар, […]

Утре получасовен протест пред сите здравствени установи


Во четврток, во периодот од 10.30 часот до 11 часот Независниот синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал, организира предупредувачки протест пред сите здравствени установи во  Македонија. – Воедно ги замолуваме сите возачи на амбулантни возила да нѐ поддржат со едноминутна звучна сигнализација (од 10:30 часот до 10:31 часот) во знак на револт. За […]

Минута молк на фудбалските натпревари во Франција


Со минута молчење пред почетокот на натпреварите во првата и втората фудбалска лига претстојниот викенд во Франција ќе им биде одадена почит на жртвите во неодамнешни напади во Европа и во судирот меѓу Израел и Хамас, објави денеска француската Професионална фудбалска лига (ЛФП). „Натпреварите од 9. коло во Лига 1 и 12. коло во Лига […]

Макрон го одложи патувањето во Шведска


Планираното патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Шведска е одложено, соопшти денеска француското претседателство. Се наведува дека одлуката за одложување на патувањето заеднички ја донеле Франција и Шведска. После тоа, Макрон и шведскиот крал Карл Густаф разговарале телефонски. Одложувањето дојде откако двајца шведски државјани беа убиени во напад на мигрант од Тунис (45), кој […]

Поголем дел од Дебар утре 8 и пол часа без струја


 Во периодот од 7 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе биде поголем дел од градот Дебар. Според Регионалниот центар на ЦУК без струја целосно ќе биде населбата „Венец-1″, како и поголемиот дел од потрошувачите во населбата „Венец-2″. –  Тоа поради  реализација на зафати  на Електродистрибуција во насока на  реконструкција и модернизација на […]

Француски министер го обвини Бензема за врски со терористи


 Фудбалерот Карим Бензема одржува врски со терористичката организација Муслиманско братско, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жерард Дарманин. Жестоката реакција на адреса на долгогодишниот француски репрезентативец доаѓа откако Бензема неодамна на социјалните мрежи го нарече „неоправдано израелското бомбардирање цивилни цели во Газа“. „Нашите молитви се со жителите на Газа, кои повторно се жртви на […]

Трик за одмаглување на шофершајбната може да ви заштеди време и нерви


На профилот на TikTok „carsdotcom“ се појави видео кое покажува наводен брз и лесен метод за одмаглување на шофершајбната. Методот се состои од четири чекори: вклучување на греењето до максимум, вклучување на клима уредот што ќе го суши воздухот, исклучување на циркулацијата на воздухот и отворање на прозорецот. Подолу е демонстрација на овој трик, кој […]

Јамката на долгот: Проблеми за Италија, Велика Британија и САД


Според податоците на Вашингтонскиот институт за меѓународни финансии, вкупниот долг на сите земји во светот достигна рекордни 307 трилиони долари, што е веќе 336 отсто од светскиот БДП. Планината на долгови порасна за 10 трилиони само во првата половина од оваа година, а 80 отсто од зголемувањето придонесоа индустриски развиените земји, најмногу САД, Јапонија, Велика […]

Распоредени специјалци во Кипар: Германија е подготвена


 Германската влада префрли на Кипар припадници на своите специјални воени сили (КСМ), како и сета опрема што им е потребна. Покрај тоа, поморските специјални сили, познати како борбени пливачи, се распоредени „во близина“ за да бидат на подготвеност во случај конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас да ескалира и Германците да бидат повлечени […]

Светска банка: Возачите на камиони на границите на Балканот губат 3.000 години


  Светска банка објави дека возачите на камиони непотребно губат 26 милиони часа (речиси 3.000 години) чекајќи на граничните премини на земјите од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Албанија). За време на нејзината прва посета на Албанија во својство на потпретседател на Светска банка за Европа и Централна […]

Италија на нозе поради тероризмот – воведува привремени контроли на границата со Словенија


 Италија ја извести Словенија дека одлучила да воведе привремени гранични контроли за да се спречи тероризмот и ситуацијата во Европа и на Блискиот Исток.  Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси во телефонски разговор во вторникот вечерта го информирал словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклучар дека Италија одлучила да воведе гранични контроли со Словенија поради […]

САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Израел и Газа


Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас за да се дозволи доставување хуманитарна помош во Појасот Газа. За предлог-резолуцијата на Бразил гласаа 12 членки, додека Русија и Велика Британија беа воздржани. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш […]

Ер Србија: Можен прекин на летовите до Тел Авив


  Националната авиокомпанија на Србија „Ер Србија“ денеска соопшти дека поради сè посложената безбедносна ситуација во Израел, можна е привремена суспензија на редовните летови на компанијата од Белград до Тел Авив. Договорено е „Ер Србија“ да продолжи внимателно да ги следи информациите поврзани со аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, како и дека е во […]

Заличува ботаничката градина во ЗОО Скопје


Градоначалничката Данела Арсовска изврши увид на третата фаза на изведба на новата Ботаничка градина во Скопје во рамки на Зоолошката градина, која се простира на 12.600 квадратни метри. Во следната фаза се продолжува со садење на над 4.600 уникатни дрвја и садници, а завршено е и поставувањето нова урбана опрема, видиковци и други содржини за […]