Распоредени специјалци во Кипар: Германија е подготвена


 Германската влада префрли на Кипар припадници на своите специјални воени сили (КСМ), како и сета опрема што им е потребна.

Покрај тоа, поморските специјални сили, познати како борбени пливачи, се распоредени „во близина“ за да бидат на подготвеност во случај конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас да ескалира и Германците да бидат повлечени од Либан, пренесе Билд, повикувајќи се на извори од Бундесверот.

Беа распоредени и специјални сили на федералната полиција, специјализирани за спасување заложници.