Европската комисија ќе ги регулира и инфлуенсерите – дури и деца веруваат на нивните препораки


Европската комисија соопшти дека заедно со властите на земјите членки на ЕУ во рамки на Мрежата за заштита на потрошувачите, во следните недели ќе ги следи објавите на т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи со цел да утврди дали тие со своите објави ги доведуваат потрошувачите во заблуда. Како што посочи ЕК, инфлуенсерите кои се вклучени […]

Британскиот музеј ја дигитализира колекцијата како одговор на бројните кражби


Британскиот музеј соопшти дека планира да ја дигитализира целата своја колекција за да обезбеди јавен пристап до нејзиниот огромен каталог, откако во август објави дека 2.000 артефакти биле украдени или исчезнати. Предложениот проект за дигитализација ќе трае пет години, со 2,4 милиони записи за прикачување или надградба. Збирката на институцијата има најмалку осум милиони предмети, […]

Направи чекор кон здрава животна средина: Екон Електрон го превзема е-отпадот од твојата локација


Сигурно во вашиот дом има барем еден расипан електричен или електронски уред кој го чувате. Но, не грижете се, не сте само Вие! Екон Електрон започна со кампања преку која подетално ве запознава со начинот на кој може да го рециклирате вашиот е-отпад. Со сортирање и селектирање на е-отпадот водите грижа за околината и воедно градите […]

Враќање на „Рено“: Французите ја имаат втората најпродавана марка во Европа


Во деветте месеци од 2023 година, Renault продаде 1.128.885 возила на глобално ниво, што е зголемување од 11 отсто во споредба со истиот период во 2022 година. Во Европа, францускиот производител е втор најпродаван бренд во 2023 година со раст на продажбата од дури 22 отсто . Според последните комерцијални резултати, Renault продал 1.128.885 патнички […]

ДПС одлучи да го бојкотира пописот на населението во Црна Гора: Се врши етнички инженеринг


Главниот одбор (ГО) на Демократската партија на социјалистите (ДПС) одлучи да го бојкотира претстојниот попис на населението, потврди Монтенегрин њуз. Таа партија побара одложување на пописот за најмалку шест месеци, за да ги добие сите законски и формални услови за одржување на тој процес. Бидејќи тоа не се случи, Генералното собрание одлучи на бојкот, на […]

Азар: Не сакав да одам некаде да играм само за пари


Поранешниот играч на Реал Мадрид и Челзи, Еден Азар објасни зошто решил да стави крај на професионалната кариера. – Нема да кажам дека беше тешко да се донесе одлука да ја завршам кариерата. Размислував некое време, па ми стана полесно. Имам толку многу работи надвор од фудбалот што можев мирно да ја донесам одлуката. На […]

Руските власти приведоа руско-американска новинарка од Радио Слободна Европа


Москва– Руско-американската новинарка Алсу Курмашева е уапсена во рускиот град Казан, објави нејзиниот работодавач Радио Слободна Европа/Радио Слобода, цитиран од француските медиуми. Таа станува втората американска новинарка приведена во Русија во 2023 година, по новинарот на Волстрит џурнал, Еван Гершкович. Алсу Курмашева е обвинета дека не се изјаснила оти е „странски агент“, обвинение кое носи […]

ЕК ја тужи Шпанија поради несоодветна примена на правилата на единствената европска железничка област 


Брисел– Европската Комисијата одлучи да ја тужи Шпанија пред Судот на правдата на ЕУ поради неправилна имплементација и примена на Директивата за воспоставување единствена европска железничка област, јави дописникот на МИА од Брисел.  Еврокомисијата смета дека со шпанската законска регулатива за железниците се прекршуваат неколку одредби од Директивата на ЕУ, кои се однесуваат на независноста […]

Европарламентот ќе ги соопшти добитниците на наградата „Сахаров“ за 2023 година


Брисел – Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на денешното продолжение на овонеделната пленарната седница ќе ги објави лауреатите на награда за слобода на мислата „Сахаров“ за 2023 година.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката за овогодишните добитници на наградата ја донесе Конференцијата на претседатели на Парламентот, што ја сочинуваат Мецола […]

Танец организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ


Во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“  утре со почетокот во 11 часот ќе се одржи комеморација по повод смртта на неодамна починатиот истакнат пејач од прв ред – солист, Далибор Ѓошиќ, најави „Танец“. Далибор Ѓошиќ почина  на 12 октомври  во Скопје, на возраст од 41 година, после кусо и тешко […]

Овации за Бјелогрлиќ во Скопје: За мене беше провокација како формулата на смртта, станува формула на животот


Осмото издание на МФФ Киненова сподели приказни на бројни филмски автори кои ни подарија визуелни есенции што долго ќе ги прераскажуваме, а меѓународното жири во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучија кои од нив ќе […]

Три лица повредени во собраќајката кај бул. „АСНОМ“ во Скопје


Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на бул. „АСНОМ“ во Скопје меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило.  Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, а со телесни повреди двајцата возачи, потврдија за  МИА од СВР Скопје.  Како што појаснуваат, ноќеска вo 23.50 часот било пријавено дека […]

„Скопје Филм Студио“ со два филма во Сао Паоло


„Скопје Филм Студио“ со два филма на Интернационалниот филмски фестивал во Сао Паоло, во Бразил, чие 47 издание почнува денеска. На фестивалот годинава ќе се прикажат 362 филма од 96 земји, како преглед на современата светска кинематографија. Како македонски малцински копродуцент ,„Скопје Филм Студио“ ќе учествува со филмовите „Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ, српско-македонско-словенечко-црногорска […]

Изложба „Паралелни светови“ на фотографот Денис Јагџи во Сули ан


Изложбата „Паралелни светови“ на фотографот Денис Јагџи вечер ќе биде отворена во објектот Сули ан, во Старата скопска чаршија, со почеток од 19 часот. Ова е втора самостојна изложба на Јагџи. – Во современиот технолошки галамтијас живееме со крупни чекори и со ширум отворени очи и гради, прифаќајќи ги придобивките и предностите од новите цивилизациски […]

„After the Wildfire“ – почнува 42. Скопски џез фестивал


Со премиерна изведба на делото за оркестар „After the Wildfire“ од норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак, вечер, во 20 часот, во Национална опера и балет ќе биде отворено 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржува до 22 октомври. „After the Wildfire“ е […]

Во Скопје Меѓународна конференција како патоказ за Западен Балкан, Молдавија и Украина на патот за пристапување во ЕУ


Меѓународна конференција на тема „Пошироко европско општество: Важноста на локалното владеење“ во организација на  Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА денеска и утре ќе се одржи во Скопје во просториите на Министерството за надворешни работи. На конференцијата владините претставници, претставниците на локалните власти и граѓанските организации од различни земји ќе имаат можност да разговараат […]

Во Скопје регионална експертска конференција за Кластер 1


Во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“. На овој регионален експертски дијалог се очекува да бидат разменети национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област. […]

Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан во Скопје меѓу темите на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ


Брисел– Во Луксембург денеска започнува дводневното заседание на Советот за правда и внатрешни работи на Унијата, на кое една од точките е и подготовката за Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 октомври.  На денешниот прв ден од заседанието, министрите за внатрешни работи […]

Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија


Музика на Збигњев Прајснер, напишана за филмовите на режисерот Кшиштоф Кишловски, вечер, од 20 часот, ќе биде изведена од оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија.  – На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Трибои: […]

Сончево со мала до умерена облачност


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево со мала до […]