Направи чекор кон здрава животна средина: Екон Електрон го превзема е-отпадот од твојата локација


Сигурно во вашиот дом има барем еден расипан електричен или електронски уред кој го чувате. Но, не грижете се, не сте само Вие!

Екон Електрон започна со кампања преку која подетално ве запознава со начинот на кој може да го рециклирате вашиот е-отпад. Со сортирање и селектирање на е-отпадот водите грижа за околината и воедно градите здрав и еколошки животен стил.

 

Електронскиот отпад  е еден од најголемите предизвици на глобално ниво и претставува значителна закана за животната средина. Екон Електрон ја препознава итноста на проблемот и е посветен да биде дел од решението. Срцето на оваа кампања е верувањето дека секоја мала акција е важна.

Сега е полесно од кога било одговорно да го рециклирате вашиот е-отпад. Чекорите се многу едноставни!

За бесплатно превземање на габаритниот електронски и електричен отпад, како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството, потребно е само да го пополните онлајн формуларот. Потоа тимот на Екон Електрон ќе дојде на вашата локација да го превземе стариот е-отпад. Ова значи дека нема повеќе сортирање, нема повеќе патувања до центрите за рециклирање – само еден едноставен клик за да се направи разлика.

Исто така, на нивната веб страна може да се информирате како тече целиот циклус на рециклирање на овој тип на отпад, како и да се информирате каде може да ги најдете собирните места за мали апарати и уреди.

Екон Електрон отсекогаш бил во првите редови на еколошки одговорни решенија. Преку оваа кампања, компанијата ги поканува сите да се приклучат во оваа заедничка мисија –  заштита на планетата.

Вашиот придонес, без разлика колку е мал, може да направи разлика во создавањето на позелено и поздраво утре.

Приклучете се и вие, селектирајте го електричниот и електронскиот отпад со Екон електрон. Заеднички кон поздрава и почиста животна средина!

 

(Комерцијален текст)