Поголем дел од Дебар утре 8 и пол часа без струја


 Во периодот од 7 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе биде поголем дел од градот Дебар.

Според Регионалниот центар на ЦУК без струја целосно ќе биде населбата „Венец-1″, како и поголемиот дел од потрошувачите во населбата „Венец-2″.

–  Тоа поради  реализација на зафати  на Електродистрибуција во насока на  реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа во наведените локации. Оваа активност е со цел  подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, наведуваат од РЦУК-Дебар.