Човекот на Трамп повторно не е избран, Претставничкиот дом на Конгресот на САД се уште е без шеф


Пратеникот Џим Џордан, човекот на Доналд Трамп, денеска повторно не беше избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, што ја продлабочи кризата на таа институција.

Претставничкиот дом, во кој мнозинство имаат републиканците, е парализиран веќе 15 дена и не може да гласа за ништо.

Единствениот републикански кандидат за шеф на Конгресот во моментов е човек многу близок до Трамп

Домот е без претседател по историската смена на Кевин Мекарти на 3 октомври. Самиот тој беше избран дури по 15 круга гласање. Републиканците не можат да се договорат, во очи на сите, една година пред претседателските избори.

Претставникот од Охајо Џим Џордан, член на најконзервативната фракција на партијата и многу близок до Трамп, е единствениот републикански кандидат за оваа функција во моментов.

Не го сакаат ниту умерените претставници, ниту демократите

Но, не успеа, прво вчера, па втор пат денеска, да добие поддршка од доволно колеги.

Околу 20 умерени пратеници го критикуваат дека има премногу екстремни ставови и не го сакаат за претседател, а не го прават ниту демократите поради неговата двосмислена позиција за претседателските избори во 2020 година, која Трамп ја оспорува.