Половина Скопје без струја


Фото: Б. Грданоски

Без струја во четврток ќе останат делови од општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Илинден, Арачиново и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. 

Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ќе останат корисниците од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Никола Тримпаре“ во Општина Центар, а во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без  струја ќе  останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“ во Општина Карпош и „Васил Ѓорѓов“ во Општина Центар.

Во Општина Ѓорче Петров  во периодот од 09.00 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе останат  корисниците од улиците „Воин Драшкович“, „Исаија Мажовски“ и  „Ибе Паликуќа“, а од 09.00 до 15.00 часот  без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Атинска“, „Ристо Равановски“ и „Борка Талески“ во Општина Карпош.

Од 08.05 до 15.00 часот, во Општина Илинден и Арачиново, без електрична енергија ќе бидат корисниците од с. Мршевци, Бучинци, Грушино и Бујковци, а во Општина Сарај,  во периодот од 11.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат  дел од корисниците од с.Бојане.