Макрон го одложи патувањето во Шведска


Планираното патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Шведска е одложено, соопшти денеска француското претседателство.

Се наведува дека одлуката за одложување на патувањето заеднички ја донеле Франција и Шведска.

После тоа, Макрон и шведскиот крал Карл Густаф разговарале телефонски.

Одложувањето дојде откако двајца шведски државјани беа убиени во напад на мигрант од Тунис (45), кој илегално престојувал во Белгија.

Кралот на Шведска по нападот бил во шок и рекол дека сочувствува со семејствата на жртвите, јавија локалните медиуми.

Премиерот на Шведска Улф Кристерсон, претходно изјави дека „сè укажува дека станува збор за терористички напад насочен против Шведска и шведските граѓани“.

– Тие беа нападнати само затоа што се Швеѓани, рече Кристерсон.