Биљана Митева на чело на Македонско-бугарската стопанска комора на местото на Кирил Лазаров


По завршувањето на два успешни мандати, исполети со многу проекти, средби, бизнис форуми, и голем број средби на стопанственици од Македонија Бугарија, заминува досегашниот претседател Кирил Лазаров и на негово место е избрана м-р Биљана Митева. Исто така е избран и нов Управен одбор, соопштија од Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК). Кирил Лазаров во своето обраќање […]

Односите меѓу Италија и Македонија зајакнати со нова поштенска марка


Денес во Скопје беше промовирана поштенската марка по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, издадена од А.Д. Пошта на Северна Македонија, на иницијатива на Амбасадата на Италија во Скопје, благодарение и на поддршката од македонското Министерство за надворешни работи. Церемонијата на презентација се одржа во седиштето на Сојузот на […]

Кајли ги спои Париз и Лондон – нова колекција на луксузни чевли и чизми


Брендот за луксузни аксесоари Jimmy Choo за првпат најави претстојна соработка со француската модна куќа Jean Paul Gaultier уште во септември и сега, официјалната кампања пристигна. Во главната улога на глобалната поп-ѕвезда Кајли Миног, кампањата има за цел да спои два креативни идентитети и е родена од заедничката визија за женственост, зајакнување и самодоверба. Ко-дизајнирана […]

Над 60 повредени во антиизраелските протести во Истанбул поради експлозијата во болницата во Газа


Истанбул – Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која палестинските власти ја обвинија израелската армија. Демонстрантите се судрија со полицијата кога се обидоа да упаднат во зградата на израелскиот конзулат, при што беа повредени 63 лица, меѓу кои 43 полицајци, пренесува „Ал […]

Домашните безбедносни служби ги следат состојбите, информирание сме за зголемувањето на сензитивноста, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на безбедносната состојба во земјава по подигнувањето на нивото на безбедност во европските држави изјави дека надлежните ја следат ситуацијата, но дека нема конкретни закани. – Во однос на состојбата во Северна Македонија, тоа е надлежност на домашните служби, постојано сме известени за зголемувањето на сензитивноста без […]

Австрија го крена нивото на опасност од тероризам


Виена – Властите во Австрија денеска го покренаа нивото на предупредување за заканата од тероризам поради неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хамас и терористичкиот напад во Брисел. Австрискиот радуодифузен сервис ОРФ јавува дека министерот за внатрешни работи Герхард Карнер соопшти дека предупредувањето е покренато на второ највисоко ниво. Карнер доддаде дека дополнителни, „специјално обучени […]

Средношколци од Кавадарци произведоа крем, гел и маст од гавез против болки во зглобовите


– Ученици произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија на Средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, информираа попладнево од оваа воспитно-образовна установа. – Вештите и вредни раце на учениците од медицинската струка – „фармацевти“, денеска изработија природни производи од билката гавез, во форма на крем, гел и маст. Гавезот е магична билка, моќно решение за […]

Државата ќе го заштити Старото градско јадро на Охрид од дивоградби и изградба на нови објекти


Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ, на која се дискутираше за одлуката и за заклучоците од 45. сесија на Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО што се одржа од 10 до 25 септември во Ријад, Кралство Саудиска Арабија, а кои се однесуваат на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. На седницата претседаваше […]

Стагнацијата на земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ го зголеми кинеското влијание


  Стагнацијата на земјите од Западен Балкан на патот кон Европската Унија го зголеми кинеското влијание во регионот, ова влијание најизразено е во трговските односи, информира Ана Крстиновска една од авторките на публикацијата „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“. Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА, во изјава за […]

Вкупно 78 бугарски научници се меѓу првите два отсто од најдобрите научници во светот


Вкупно 78 бугарски научници се меѓу првите два отсто најдобри научници во светот, според овогодинешното рангирање на Стенфорд – аранжман за севкупниот развој на кариерата на научниците. Шеснаесет од нив се членови на Бугарската академија на науките (БАН) – академици и дописни членови, а уште 33 се научници од Академијата, јавува прес-центарот на БАН. Рангирањето […]

Господ се вклучи во создавањето на руското нуклеарно оружје, изјави патријархот Кирил


  Руското нуклеарно оружје е создадено благодарение на Бога и свети Серафим Саровски, изјави во средата патријархот Московски и на цела Русија Кирил. „Да не беше работата на Курчатов [креаторот на советската атомска бомба] и неговите колеги, тешко е да се каже дали нашата земја би постоела“, рече Кирил, предавајќи му го Орденот Свети Сергиј […]

Марина Абрамовиќ за борбата за живот по рутинска операција: „Болката беше неверојатна“


Лондон- Познатата концептуална уметница Марина Абрамовиќ неодамна за британски Гардијан проговори за сериозните здравствени проблеми кои ја снашле пред неколку месеци. Имено, компликации настанале по рутинска операција на коленото, таа добила белодробна емболија и шест недели поминала на интензивна нега „танцувајќи“ меѓу животот и смртта. Имаше три операции, девет трансфузии на крв и извесно време […]

ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци. – Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата […]

„Макстил“ со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес


  „Макстил“ со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра, […]

Владата сака „издржано решение“ за платите на функционерите кое нема да падне на Уставен суд


  Вчера на седницата на Владата била отворена дискусија за платите на избраните и именуваните функционери, но не било донесена никаква одлука. Министрите кои ја сочинуваат работната група која треба да изготви предлог – решение добила задача до идната недела да достави работен материјал, за кој ќе треба да се произнесе Владата. Ова денеска го […]

Како Русија регрутира Срби да се борат во Украина?


  На почетокот на септември Бранко се качи на директен лет од Белград за Москва. По неколку дена во руската престолнина, Бранко, со уште тројца српски државјани, беше однесен во воен регрутен центар во Красногорск, град близу Москва, каде групата потпиша договор со руската војска. „Сè помина многу брзо; за еден ден станав војник на […]

Како парите од ИПАРД помагаат македонски сокови да се продаваат на Малдиви, во САД, Карибите, ОАЕ, Сингапур…


Многу труд, макотрпно, со знаење и посветеност во текот на 30 години. Ова, како што велат од „Вивакс“ е формулата која ѝ овозможи на компанијата да изгради автентичен македонски бренд и да ги пласира производите на четири континенти, меѓу другото и на Малдивите, во САД, Карипските острови, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур… „Динамичниот развој, инвестициите во […]

Обезбеден нов современ апарат на Торакална хирургија


Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска ја посети Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Министерството за здравство, како што информираат, за потребите на пациентите и Клиниката набави хируршки столб торакоскоп, со што се овозможи систем од најновата генерација од американскиот производител Arthrex да се користи на оваа клиника. Овој апарат, како што […]

„Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ со регионална премиера во Скопје


Не случајно одлучивме „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ да го затвори фестивалот. Јас лично и целиот тим сметаме дека овој филм се издвојува од останатите и дека ќе го предизвика вниманието на целата регионална јавност. Станува збор за сериозен филм, а она што се случува сите нè засега, затоа што се базира на вистински […]

Новата влада во Словачка сака да ги означи невладините како „странски агенти“


  Новата влада на Словачка сака да се пресмета со невладините организации финансирани од странство, што потсетува на законите со кои невладините организации се означуваат како странски агенти, воведени во Русија и Унгарија, при што Будимпешта се соочи со тоа дека нејзините закони се укинати од Судот на правдата на ЕУ. Фицо ова го тврдеше […]