На Дунавската кула во Виена направен тобоган на височина од 165 метри


  Почнувајќи од оваа есен, највисокиот тобоган во Европа на височина од 165 метри ќе го краси познатиот симбол на австриската престолнина, Дунавската кула. Новата атракција, која ќе ја краси оваа кула најмалку три години, ќе биде отворена во средината на ноември. Како што соопштија виенските власти, за време на двочасовното поставување на осветлениот тобоган, […]

Без струја утре дел од Гази Баба, Петровец и Скопскиот аеродром


Центарот за управување со кризи информираше дека утре во периодот од 04:00 до 07:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба и Петровец. Без електрична енергија ќе останат корисниците од индустриска зона Чојлија, Меѓународниот аеродром Скопје и објектите околу него, како и населените места Идризово, Јурумлери, Мралино, Дрма, Огњанци, Ржаничино, Чифлик, […]

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик


Мик Џегер и неговиот колега од Ролинг Стоунс, Рони Вуд беа присутни на Олимпискиот стадион во Барселона, познат и како Монжуик, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во големото дерби.   Фудбалерите на Барселона, на дербито, наместо вообичаениот спонзорски дрес носеа специјални дресови со логото на Ролинг Стоунс „жешките усни“, но не е […]

Рама: Рајанер на 31 октомври почнува со летови од и до Тирана


Познатата компанија Рајанер (Ryanair) на 31 овој месец ќе започне со летови од и за Албанија и ќе понуди 17 дестинации. Веста ја објави премиерот на Албанија, Еди Рама, кој вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските […]

Викендот непочнат, а се тепале жени, браќа, а и возач на автобус натепал патник


Полицискиот билтен за петокот, стандардно, бележи бројни тепачки, при што физички се пресметувале жени, браќа, возачи на автобуси со патници, учесници во сообраќајка… Така, во петокот во 20.50 часот во Полициска станица Гази Баба Л.П.(67) од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот на подрачје на Гази Баба била физички нападната од женско лице А.Т., која […]

Маск тврди дека Старлинк може да ја врати комуникацијата со хуманитарните групи во Газа


Технолошкиот милијардер Илон Маск вели дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите во Газа кои беа прекинати поради израелското бомбардирање. – Старлинк ќе го поддржи поврзувањето со меѓународно признаените хуманитарни организации во Газа, напиша Маск на неговата платформа X. Тој не откри други детали. Маск ова го […]

Почина рудар во Крива Паланка, кој се повредил на работното место


Во петокот  во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка е пријавено дека во Итна медицинска помош – Крива Паланка бил донесен починат С.М.(54) од Крива Паланка. Тој се повредил додека извршувал работни задачи како рудар во рудник во Крива Паланка и при транспорт од рудникот до Здравствен дом Крива Паланка починал. Увид на местото на […]

Хамас ќе ослободи осум заложници на барање на Русија


Хамас соопшти дека осум лица кои ги зеде како заложници во Газа ќе ги ослободи по барање на Русија. Абу Марзук, официјален претставник на Хамас, за руската државна новинска агенција РИА, изјави дека Министерството за надворешни работи предало список со осум имиња, од кои сите имаат двојно државјанство. „Ние сме многу внимателни кон оваа листа […]

Поранешната градоначалничка на Арачиново назначена за нова директорка на АД „Аеродроми“


    Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ, пишува Фокус. Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми […]

Велеслаломска победа на Гут-Бехрами на отворањето на новата сезона


Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна денеска во австрискиот зимски центар Зелден со женскиот велеслалом во кој триумфираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Водечката по првото возење Федерика Брињоне од Италија на крајот заврши второпласирана со заостанување од две стотинки, додека на подиумот се искачи и Петра Влхова од Словачка, која зад Гут-Бехрами заостана […]

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје


Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) утре во Скопје ќе организира дружење со најмладите кошаркари и кошаркарки од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017, во рамки на традиционалниот минибаскет фестивал. Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, адаптирани за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари […]

Гренланд, за прв пат, утре нема да го менува времето


Гренланд утре за првпат нема да го менува часовникот во зимско сметање на времето, јави ДПА. Владата на Гренланд во ноември 2022 година донесе одлука да го укине летното и зимското сметање на времето на островот. Островот официјално е дел од Данска, но во голема мера е самоуправен. Наместо тоа, Гренланд трајно ќе остане во […]

„Итно исполнување на обврските“: Одговор на Стејт департментот за средбата Вучиќ и Курти


– Соединетите Американски Држави ги повикаа Косово и Србија итно и сериозно да се заложат за исполнување на обврските кои произлегуваат од дијалогот што го водат, се наведува во реакцијата на Стејт департментот, јави дописникот на МИА од Белград. -Ги поздравуваме средбите што се одржаа за да се унапреди процесот на нормализација, се наведува во […]

Голди Хоун тврди дека имала средба со вонземјани: „Ми го допреа лицето“


Голди Хоун се присети и отвори за посебно искуство што наводно го имала со вонземјанин пред 50 години Актерката која има 77 години се присети на едно посебно искуство што наводно го имала со вонземјани. Иако многумина ќе помислат дека тоа е фикција, актерката тврди дека тоа е вистинско искуство. Целото искуство се случило пред […]

Автомобил удри во велосипедист кај „Мајчин дом“, тој по инерција во количка со дете


 Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи претпладнево во скопската населба Аеродром, на крстосницата кај „Мајчин дом“. Како што потврдија од МВР за МИА, денеска околу 10.10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистерски таблички, управувано од С.С. (58) од Ресен и велосипед управуван […]

ФВМС: Опремена Лабораторија за хигиена на животни


Промотивна работилница за активностите на Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животна средина се одржа на Факултетот под водство на доц. д-р Мирослав Ќосевски. Во рамките на проектот „Опремување и оспособување на Лабораторија за хигиена на животни и заштита на животна средина“ поддржан од Министерство за образование и наука, лабораторијата се опреми и […]

Распишан јавен оглас за доделување на 1.776 хектари државно земјоделско земјиште


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека е распишан јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хекатри по пат на електронско јавно надавање. Вкупната земјоделска површина која со овој јавен оглас се става на располагање изнесува 1.176 хектари државно земјоделско земјиште, распределено во следниве региони […]

Стојанов: Опомените за данок на имот се поради салдо од претходни години


Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов, во одговор на реакциите на граѓаните за пристигнати опомени за неплатен данок на имот, на својата Фејксбук страница напиша дека опомените за данок на имот се поради салдо од претходни години. -Известуваме дека тие се однесуваат на салдо од претходни години. Во ревизорскиот извештај издаден од Државен завод за ревизија […]

Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија


Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија. Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори […]

(Видео) Почна копнената офанзива на Израел – колони тенкови одат кон Газа


Војната на Израел и Хамас продолжува да беснее и влезе во својот 22 ден. Воската на Израел започнува копнена офанзива.Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледаат долги редици тенкови и други возила во движење, со краток коментар дека покажува активност на копнените сили во Газа. „Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите“, изјави […]