ФВМС: Опремена Лабораторија за хигиена на животни


Промотивна работилница за активностите на Лабораторија за хигиена на животните и заштита на животна средина се одржа на Факултетот под водство на доц. д-р Мирослав Ќосевски.

Во рамките на проектот „Опремување и оспособување на Лабораторија за хигиена на животни и заштита на животна средина“ поддржан од Министерство за образование и наука, лабораторијата се опреми и разви применети методи од областа на хигиената и заштитата на животната средина.

-На настанот ги прикажавме постојните лабораториски методи од истоимената област, а се со цел подигнување на свеста во одржување на редовен мониторинг за заштита на околината при индустриски активности, согласно еколошките дозволи при Законот за заштита на животна средина и постојната легислатива за одржување на здравјето и благосостојбата на животните. Ја презентиравме лабораторијата и нејзините цели и приоритети, активности и можностите кои ги нуди и беше одлична можност за проширување на соработката со засегнатите страни и мотив за чување и одржување на здравјето на животните и заштита на животната средина – велат од Факултетот.

На настанот учество земаа претставници од државните институции, научните институции, приватниот сектор, фармерите и фармите за животни, асоцијациите на фармери, оператори на објекти од индустријата за преработка на млеко и млечни производи, оператори на објекти од индустријата за преработка на месо и месни производи и останатите засегнати страни.