Поранешната градоначалничка на Арачиново назначена за нова директорка на АД „Аеродроми“


 
 

Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ, пишува Фокус.

Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми во делот кој не е под концесија на ТАВ Македонија.

Пред една година Халими се вработи во Царинската управа како инспектор за истраги за борба против економски криминал, иако медиумите реагираа дека таа го нема потребниот степен на образование за да конкурира за такво работно место, стои во текстот на Фокус кој може да го прочитате ТУКА.