Листата поевтини производи ќе се проширува


Од идната недела граѓаните може да очекуваат дополнување на листата поевтини производи, вклучувајќи ги и оние за хигена, како и одредени кондиторски производи кои повеќе се трошат, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши информира дека од утре до петок, сите маркети ќе треба да ја стават ознаката „гарантирана цена“ на поевтинетите производи за […]

Засега не се размислува за интервенции во цените на горивата, вели Бектеши


Владата засега не размислува да интервенира во цените на горивата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, тоа би требало да дојде како предлог од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ако согласно нејзините проекции има нагорен тренд на цените. -Моментно не се разговара за тоа. Тоа би требало да дојде како прдлог од […]

Ердоган: Турција го поддржува Азербејџан во неговите чекори „да го зачува територијалниот интегритет“


Турција го поддржува Азербејџан во неговите „чекори за зачувување на неговиот територијален интегритет“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Обединетите нации. – (Нагорно-) Карабах е азербејџанска територија …, рече Ердоган во ОН, додавајќи дека кој било друг статус „никогаш нема да биде прифатен“, пренесе ДПА. Според него, „Ерменија треба да ги исполни […]

Дарија Вербови се враќа со кампања за „Гучи“- накитот никогаш не бил посекси


Лос Анџелес – „Гучи“ штотуку ја претстави својата најнова линија на накит, наречена колекција Marina Chain. За да го прослави лансирањето, италијанската луксузна куќа се здружи со познатиот фотограф Дејвид Симс за кампања инспирирана од морето во која глуми Дарија Вербови. Како прва колекција накит на креативниот директор Сабато Де Сарно за куќата, нејзината трогатеност […]

Владата го задолжи Инспекцискиот совет итно да го реши статусот на општинските даночни инспектори


 Владата на денешната седница го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година. Со ова, Владата, како што информира, им овозможува на […]

Протест за случајот Онкологија: Како пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните


 Како онколошки пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните лица, беше истакнато на вечерашниот протест пред Обвинителството во Скопје, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија беше отворена предистражна постапка. Онколошки пациенти на вечерашниот протест информираа дека денеска, како што тврдат, „на Клиниката за […]

Франција и Германија предлагаат Европа со четири брзини


БРИСЕЛ – Француско-германските експерти го претставија предлогот за опсежни структурни реформи на Европската унија, во кој главна препорака е новата проширена ЕУ да биде Европа со четири брзини. Ова е линк до документот на англиски: https://www.politico.eu/wp-content/uploads/2023/09/19/Paper-EU-reform.pdf Извештајот, нарачан од двете најголеми земји на ЕУ, има за цел да ги промени правилата и да ja подготви Унијата […]

Дала 23.000 евра за три апартмани во Струга – ги нема ни парите, ни апартманите


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и ,,измама’’. Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга,  […]

За Стопанската комора данокот на солидарност е злоупотреба на ЕУ регулативите, ќе го оспори пред Уставен суд


Носењето на Законот за данок на солидарност не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, за што се можни две причини: дека воопшто не се разбира Регулативата 2022/1854 и дека можеби правилно се чита Регулативата 2022/1854, но свесно се изнесуваат неточни податоци и користејќи ја […]

Берлин блокиран од активисти кои се борат за забрана на фосилни горива


Членовите на еколошкото движење „Последната генерација“ ја продолжија својата најавена „акциска“ недела во германската престолнина со блокирање на бројни патишта во Берлин денеска со протести со кои сакаат да ги поттикнат владините мерки против климатските промени и итната забрана на фосилните горива. „Блокади на патишта беа спроведени на 12 локации во градот, а дел од […]

Во петок по петти пат ќе се прска против комарци


Градот Скопје известува дека в петок, 22.9.2023 година, на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога […]

Указот и „Договорот од Преспа ” во четврток на дневен ред во Уставниот суд


Предметот во кој е оспорен Указот и „Договорот од Преспа” ќе се дискутира в четвтрок на седница на Уставен суд. Уставниот суд информира дека предметот е формиран од иницијативите поднесени од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Ангеловски Стив од Битола, Солза Грчева и Томе Тодоровски. – Со одредени наводи во […]

Граѓаните собраа 2000 шишиња и лименки отпад на фестивалот “Sound of Green” 


Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петокот се одржа концерт на платото пред Филхармонија каде што настапија NATALEE, Фолтин кои ги изведоа песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“, но и нивните постари хитови. Истата вечер на сцената настапија и бендовите SIZ и KEM. На настанот дојдоа околу 1500 посетители, […]

Беџети, Трпеска и Бишев нови членови на Фискалниот совет


  Собранието донесе повеќе закони и избра тројца членови на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, на денешното продолжение на 120. пленарна седница. За член на Фискалниот совет, по предлог на МАНУ, е избран академик Абдулменаф Беџети. Собранието, исто така, ја избра за членка на советот Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, […]

Богоев: Поефикасно менаџирање на пратките со мала вредност со цел сузбивање на сивата економија


  Поефикасно менаџирање и поголема контрола на пратките со мала вредност на царинската испостава на аеродромот во Скопје кои ги пренесуваат брзите пошти, со цел намалување на сивата економија е еден од приоритетите за коишто се разговараше при денешната посета на директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани на царинска испостава Аеродром – Скопје. […]

Кети Пери го продаде музичкиот каталог за 225 милиони долари


Лос Анџелес- Во понеделникот, Litmus Music објави дека поп-ѕвездата го продаде својот каталог за 225 милиони долари, според Variety и Billboard. Договорот ги вклучува уделите на Пери во главните снимки и правата за издавање на нејзините пет студиски албуми издадени под Capitol Records:  „One of the Boys“, „Teenage Dream“ и „Prism“,  „Witness“ и „Smile“. Тие […]

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври


На барање од Јавното обвинителство, во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“. На денешното рочиште судијата Илија Трпков информирал дека до судот пристигнал поднесок од Јавното обвинителство во врска со измените на Кривичниот законик, кои влијаеле на правната квалификација на кривичните дела и на обвинителниот акт. – […]

Избегнат судир на возови на станицата во Земун благодарение на брзата реакција на диспечерот


Благодарение на брзата, трезвена и професионална реакција на диспечерот на далечинскиот управувач на станицата Белград Центар, денеска во 9:15 часот избегнат е судир на два патнички воза на железничката станица Земун, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од „Железничката инфраструктура на Србија“, диспечерот во новиот центар за далечинско управување во железничката станица […]

Македонските кошаркарки ги дознаа противниците во евроквалификациите


Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација ќе биде дел од групата „Г“ во квалификациите за Европското првенство 2025 и за пласман на завршниот турнир ќе игра против Србија, Украина и Португалија, одлучи денеска ФИБА со ждрепка во швајцарскиот град Мие. Квалификациите за женскиот Евробаскет ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА и ќе почнат идниот […]

Бектеши: Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети


Добредојден е секој енергетски капацитет кој е на територијата на државава без разлика дали е приватна или државна инвестиција, бидејќи придонесува за зголемување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Електроенергетскиот систем не се менаџира потешко кога капацитетите ги имате внатре во државата отколку кога ги немате. […]