Уставниот суд постапува по три предмети за законските измени на Законот за работни односи


Уставниот суд информира дека постапува по три предмети поврзани со законските измени на Законот за работните односи кои се во фаза на претходна постапка, односно во тек е уставно-судска анализа и испитување на наводите. Првиот предмет е  оформен по иницијатива поднесена од политичката партија „Левица”, а се однесува на тоа дека со оспорениот акт се […]

ССК: Данокот на екстра профит создава несигурност


Сојузот на стопански комори (ССК) реагира по денешното донесување на Законот за данок на солидарност. Оценува дека ваквото законско решение е погубно и деструктивно за бизнисот и дека со него Владата испраќа порака според која плаќачите на данок треба двојно да плаќаат и се за сметка на неплаќачите на данок, кои сега, додава ССК, се […]

Како се поставуваат – така намерно се оштетуваат контејнерите за електричен и електронски отпад


Последниот период, во повеќе општини низ земјава, во соработка со „Нула отпад“ поставени се повеќе специјализирани контејнери за електричен и електронски отпад, но тие набрзо по поставување се оштетуваат, а внатре се фрла секоков отпад.  Последниот случај со оштетување доаѓа од Прилеп, каде оштетени и насилно отворани се повеќето од 12-те контејнери за електричен и […]

ЕК спроведе инспекција за кршење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема


Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања. Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот. Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни […]

ЕУ денес предлага да се укине ветото во проширувањето


Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) во Брисел, се предлага укинување на ветото, објави поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Според него, со предлогот се воведува квалификувано мнозинство наместо консензус во процесот на проширувањето сè до последниот чин – зачленувањето, што значи […]

Се намалуваат цените на лебот, млекото, месото… Еве го целиот список


Од утре, а најдоцна задутре цените во маркетите на лебот, млекото, месото, тестенините… односно на 24 категории производи треба значително да поевтинат, некои и над 30 отсто од сегашните цени, односно 10 отсто во однос на нивото што беше на 1 август, што се зема како референтна вредност. Мерката ќе трае до крајот на ноември, […]

Тодоров: Ако ВМРО опстои против уставните измени, ќе стане во опозиција најдолго од основањето


Никола Тодоров, екс министер во неколку наврати во времето на Никола Груевски, во интервју за „Слободен пачат“ порачува дека Македонија не е на крстосница туку одамна го имаме одбрано патот кон Запад, а се друго е резултат – на македонски инает. На секого во Македонија, вели Тодоров, му е јасно дека уставни измени мора да […]

Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах, Русија апелира да сопрат


– Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на […]

Најмалку две лица загинаа на магистралата Цетиње – Будва кога автобус излета од патот


Најмалку две лица загинаа, додека неколку лица се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње – Будва. Првите информации од Управата на полицијата говореа дека загинале три лица, но лекарите засега констатирале смрт на двајца патници. Како што потврдија за „Вијести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ. Првичните податоци на полицијата покажуваат […]

Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани


Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.  Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови.

На Онкологија почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години. Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше […]

Штипската Клиничка болница достави ново барање за вработување на лекари и медицински персонал


Клиничка болница-Штип достави ново барања до министерствата за здравство и за финансии за вработување на уште дваесетина лекари, медицински сестри, физиотерапевти, болничари, хигиеничарки и друг персонал, потврди денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев. -Искрено се надевам дека ќе добиеме позитивно мислење од министерството за финансии и тие вработувања да ги реализираме до крајот на […]

Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје


Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет. Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за […]

ЕУ нема друг избор освен да се прошири


Во ироничен пресврт на историјата, нападот на Русија ја донесе Украина поблиску до членството во Европската унија од кога било. Неиспровоцираниот напад на Русија не им остави друг избор дури и на земјите-членки на ЕУ кои се скептични за проширувањето освен да ја објават својата поддршка за амбициите на Украина да се приклучи. Францускиот претседател […]

Владејачката партија во Полска објави таен воен план за да им наштети на ривалите


ВАРШАВА – Полската владејачка националистичка партија Право и правда (ПиС) предизвика безбедносна бура со објавување делови од таен план за одбрана како дел од кампањата која има за цел да ја дискредитира опозицијата пред општите избори на 15 октомври. „Внимание! Владата на Туск беше подготвена да се откаже од половина од земјата во случај на […]

Царинска управа со финални подготовки за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово


 Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа, како што порачаа при денешната посета на граничниот премин Блаце, директорот на Царинската управа Стефан Богоев и […]

Во Собранието усвоени измените на данокот на добивка и на ДДВ, помина и данокот на солидарност


  Даночната реформа како дел од поширок процес на реформи во јавните финансии доби поддршка во Собранието. Денеска беа усовоени измени на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, кои се во насока на креирање пооптимален даночен систем кој ќе обезбени повисоко ниво на праведност, ќе го поддржи економскиот раст […]

Во Србија поради Ковид задолжително носење маски во сите здравствени установи


 Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи, јави дописникот на МИА од Белград. – Се одредува задолжително тестирање на Ковид на […]

Вработените во „Водостопанство“ не зеле плата: Продаваме вода, а немаме ни за леб


Агросиндикатот и работниците од „Водостопанството“ во државна сопственост денес излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати. Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите, од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието. „Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие сложени услови […]