Најмалку две лица загинаа на магистралата Цетиње – Будва кога автобус излета од патот

Најмалку две лица загинаа, додека неколку лица се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње – Будва.
Првите информации од Управата на полицијата говореа дека загинале три лица, но лекарите засега констатирале смрт на двајца патници.
Како што потврдија за „Вијести“, автобусот слетал на релација Обзовица – Брајиќ. Првичните податоци на полицијата покажуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници, а во автобусот немало деца.
Возачот на автобусот е приведен во полиција. Тој се пожалил на лекарскиот тим, кој прв се спуштил на местото на несреќата, дека почувствувал силна болка во задниот дел на главата и дека потоа автобусот удрил во банкината на патот кон Обзовица на кривината, ја пробил и потоа возилото слетало во провалија.
На местото се екипи на пожарникарите, лекарски екипи, полиција. Се обидуваат да го кренат автобусот, за да видат дали под него има жртви.