Во Алжир убиени залутани туристи со скутери на вода


Рабат – Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода. Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа. Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. […]

Опра Винфри и Двејн Џонсон донираат 10 милиони долари за помош на раселените од Мауи


Американската водителка Опра Винфри и актерот Двејн Џонсон денеска најавија дека преку нивниот фонд ќе инвестираат 10 милиони долари за да им помогнат на луѓето на хавајскиот остров Мауи кои не можат да се вратат во своите домови поради неодамнешните шумски пожари. „Народниот фонд Мауи“ ќе дава 1.200 долари месечно на возрасните кои не можат […]

Претпладне сончево, попладне дожд во северозападните делови


Времето во Македонија во петокот претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 7. Утринските температури се движат во интервалот од 10 до 18, додека […]

Половина век Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ


Македонисти, балканисти и слависти од 15 различни држави од денеска до недела во Охрид ќе учествуваат на 50. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Конференцијата е научен собир за јазик, литература и култура, кој е единствен во регионот […]

Учениците се враќаат на настава, во оваа учебна година првпат ќе имаат и пролетен распуст


За над 200 илјади основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17-ти наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024. Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна […]

Тамара Котевска дел од „Lights Camera Impact“ на Фестивалот во Венеција


Филмската режисерка Тамара Котевска е првиот автор од државата, која е поканета на ексклузивен настан во рамки на Фестивалот во Венеција. Таа вечер ќе одржи свечен говор за филмови, кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена и официјално ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм „The Walk“. Ексклузивниот настан „Lights […]

Кампањата „Ние сме Европа“ во Струмица


Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд – Европска социјална политика”.  Настанот е дел од информативниот караван организиран од СЕП, под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите […]

Делови од Центар и Водно денеска без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Илинден“, на потегот од Влада до Градски парк и објектите во рамки на Градскиот стадион.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улицата „8 Март“ број 7. Во истиот временски период […]

Една жртва во експлозија во Смедерево


Смедерево- Едно лице загина, а две се повредени во експлозија во зграда што синоќа се случила во Смедерево. Како што јави РТС, експлозијата се случила на последниот, четврти кат од зградата околу 20 часот и 30 минути. Четвртиот кат и двата ката подолу се разнесени. Причината за експлозијата сè уште се утврдува

Брисел ги виде новите дела на Урдин


Во галеријата „Марк Минјау“ во центарот на Брисел синоќа беше отворена изложба на реномираниот македонски сликар, визуелен и мултимедијален уметник и филмски режисер Киро Урдин на која се претставени некои од неговите понови дела. Презентацијата на делата на Урдин во Брисел доаѓа по неговите изложби во Музејот „Ел Еспасио 23“ и во Центарот за културни […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 1 септември 2023 година, 244-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 121 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 59 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути. Денов трае 13 часа и 9 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]