Ердоган: Турција го поддржува Азербејџан во неговите чекори „да го зачува територијалниот интегритет“


Турција го поддржува Азербејџан во неговите „чекори за зачувување на неговиот територијален интегритет“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Обединетите нации.

– (Нагорно-) Карабах е азербејџанска територија …, рече Ердоган во ОН, додавајќи дека кој било друг статус „никогаш нема да биде прифатен“, пренесе ДПА.

Според него, „Ерменија треба да ги исполни своите ветувања, вклучително и отворање транспортен коридор на југ“.

Турскиот лидер, исто така, повика на брзо решавање на сегашните непријателства меѓу Азербејџан и Ерменија.

Турција во 2020 година му помогна на Азербејџан да ги врати териториите што ги загуби од Ерменија во раните 1990-ти во Нагорно-Карабах, потсетува ДПА.