Дала 23.000 евра за три апартмани во Струга – ги нема ни парите, ни апартманите


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и ,,измама’’.

Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга,  за што во неколку наврати извршила уплата на парични средства во износ од 23.000 евра, но ниту ги добила апартманите, ниту и биле вратени парите.