МИОА ќе презентира нова Стратегија за реформа на јавната администрација


 Нова Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) ќе презентира денеска Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА. Стратегијата ќе биде промовирана на настан „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“.  Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и […]

Изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова насловена „FLUX Surfacing“. Како што информираат од КИЦ, проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од страна на Ивана Ќ. Самандова и Ана Трајковска која што се оддржа во […]

Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски


 Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски вечер ќе биде промовирана во кафе-книжарница „Буква“. Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и академик Влада Урошевиќ и авторот Владимир Јанковски. Како што соопшти Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, […]

Премиера на „88 димензии“ по повод 30 години од германско-македонските дипломатски односи


Почнува одбележувањето на 30 години од германско-македонските дипломатски односи. По овој повод, пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман, премиерно во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе го претстават проектот „88 димензии“. На концертот ќе се презентираат современи музички трендови преку изведба на класични музички дела со посредство на компјутерски генерирани ритми. -Овој проект […]

Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата. „Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на […]

Земјотрес од 6 степени во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Џералдин, во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд. Според првичните податоци, нема жртви или значителна материјална штета. Земјотресот, најсилниот во земјата оваа година, е регистриран утрово во 9:14 часот по локално време (21:14 часот по Гринич) на длабочина од […]

Поевтинетите производи ќе ги познаете по ознаката „Гарантирана цена“


Стотици прехранбени производи од денеска, а најдоцна од утре па се до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. Одлуката за поевтинување на прехранбените производи за 10 отсто и замрзнување на […]

Сончево со умерена облачност, температурата до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а наместа повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде од 10 до 17, а максималната од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена […]

МАГО организира панел по повод Светскиот ден на гинеколошки карциноми


Со панел дискусијата „Премостување на предизвиците при дијагноза и лекување на гинеколошки карциноми – каде сме во моментов и каде се движиме?”, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) ќе го одбележи Светскиот ден на гинеколошките карциноми, 20-ти септември. Овој ден, како што наведува МАГО, е посветен на подигање на свеста за гинеколошките карциноми, за […]

Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин


Бразилската морнарица соопшти дека запленила 3,6 тони кокаин на брод во близина на брегот на североисточната држава Пернамбуко – најголема поморска заплена на дрога во Бразил. Во соопштението, морнарицата соопшти дека запленила мал моторен чамец што се користел за транспорт на луѓе и товар долж брегот, со пет членови на екипажот, што се движел кон […]

Потпишување декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија


Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) денеска организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија. Како што е најавено, декларацијата ќе ја потпишат 36 директори и овластени лица на јавни претпријатија. На настанот ќе бидат презентирани и главните наоди и ресурси подготвени од проектот „Поттикнување на […]

Министерот Николовски на средба со млади земјоделци


Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе одржи средба со млади земјоделци. Ќе се разговара, како што информира Министерството за замјоделство, за можностите што ги нуди Повикот за млад земјоделец кој е во тек. На средбата ќе стане збор и за можностите за младите земјоделци што ги нудат мерките 1 и 7 […]

Продолжение на 125. седница на Собранието


  Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 125. седница, а нова точка во дневниот ред е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.  На седницата треба да бидат разгледани  предлог законите за изменување и дополнување на Законот за […]

Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Њујорк


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе се сретнат во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, што ќе биде втора нивна средба во период од два месеци, јави дописничката на МИА од Атина. Според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, Атина очекува продолжување на дијалогот со Турција, […]

Франција ги зајакна полициските сили долж границата со Италија


 Франција денеска распореди хеликоптер на царинската полиција на нејзината јужна граница со Италија, каде веќе беа поставени антитерористички копнени возила како дел од мерките за зајакнување на граничните контроли и одговор на неодамнешното зголемување на пристигнувања на мигранти и бегалци на островот Лампедуза. Меѓутоа, локалната администрација негираше дека е во тек антитерористичка операција, наведувајќи само […]

Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на Генералното собрание на ОН потсети дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео-обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН. Тој рече дека планира да ги изнесе деталите на утрешниот Совет за безбедност на ОН и оти повеќе од 140 земји и меѓународни организации […]

Студија: Водата на Месечината е создадена од мистериозна сила која доаѓа од Земјата


Веќе е познато дека има мраз на Месечината, но сè уште не е сосема јасно од каде потекнува. Една нова студија покажува дека електронските бранови, кои доаѓаат индиректно од Земјата и Сонцето, придонесуваат за формирање на замрзната вода на површината на Месечината. Електроните удираат на Месечината додека се движи во и надвор од магнетната опашка […]

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за растот на светскиот БДП во 2023 година


  Пониските цени на енергенсите и отворањето на Кина ѝ помогнаа на светската економија на почетокот на годината, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), зголемувајќи ја прогнозата за раст, но последиците од построгата монетарна политика се сè повидливи. Светскиот БДП треба да порасне за три отсто оваа година, проценува ОЕЦД, зголемувајќи ја проценката […]

„Дали тоа навистина си го кажал“: Груевски бара објаснување од Мицкоски


  Претходниот и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат по изборот на Христијан Мицкоски за претседател на партијата во декември 2017 се најдоа во отворен јавен судир. Причината за тоа е изјавата на Мицкоски за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека „Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата“ поврзана со измените на Кривичниот […]

На стапалата се забележуваат симптоми на болести кои се сметаат за тивки убијци


Стапалата може да не предупредат на сериозни проблеми, предупредија лекари за Експрес. Освен тоа, на стапалата можеме да ги видиме симптомите на две болести наречени тивки убијци. Срцеви заболувања Секое стапало е составено од 26 коски, 30 зглобови и повеќе од 100 мускули и е дом на многу крвни садови на кои не им треба […]