Продолжение на 125. седница на Собранието


Фото: Б. Грданоски

  Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 125. седница, а нова точка во дневниот ред е Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

На седницата треба да бидат разгледани  предлог законите за изменување и дополнување на Законот за акцизите, Законот за Развојната банка на Северна Македонија, Законот за хартии од вредност,  сите по скратена постапка.

Неразгледани точки на 125. седница се и Предлог законот за решавање банки, Предлогот законот за системот за проценка на лица со попреченост, Предлог законот за регистар на задолжително социјално осигурување, исто така по скратена постапка. 

Пратениците треба да расправаат и  за предложените измени и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, Законот за личната карта, по скратена постапка.