Кети Пери го продаде музичкиот каталог за 225 милиони долари


Лос Анџелес- Во понеделникот, Litmus Music објави дека поп-ѕвездата го продаде својот каталог за 225 милиони долари, според Variety и Billboard.

Договорот ги вклучува уделите на Пери во главните снимки и правата за издавање на нејзините пет студиски албуми издадени под Capitol Records:  „One of the Boys“, „Teenage Dream“ и „Prism“,  „Witness“ и „Smile“. Тие албуми ги содржат деветте хитови на Пери на Билборд 100 , меѓу нив  “Firework,” “California Gurls” и “I Kissed a Girl.”

Litmus е компанија за права на музика, кооснована од поранешниот претседател на Capitol Records, Ден Мекарол.

„Кети Пери е креативна визионерка која има големо влијание во музиката, ТВ, филмот и филантропијата“, рече Мекарел во изјавата до која дојде USA TODAY. „Многу ми е чест што повторно ќе соработувам со неа и ќе му помогнам на Латмус да управува со нејзиниот неверојатен репертоар“.

„Песните на Кети се суштински дел од глобалното културно ткиво“, продолжи во соопштението за печатот ко-основачот на Litmus, Хенк Форсајт. „Толку сме благодарни што повторно работиме заедно со таква доверлива партнерка чиј интегритет свети во сè што таа прави.

Пери (38) одржува серика концерти во Вегас од крајот на 2021 година, кога го отвори својот концерт „Play“ во боја на бонбони во градот на гревот. Таа ја завршува резиденцијата во Лас Вегас во ноември и следната ќе се врати како судија во 22-та сезона на „Американски идол“.

Суперѕвездата номинирана за Греми е последната во долгата низа уметници кои неодамна ги распродадоа своите каталози. Брус Спрингстин, Џастин Бибер, Боб Дилан, Шакира и Пол Сајмон се само неколку од пејачите од А-листата кои се најдоа на насловните страници со мултимилионски зделки за нивните музички права.