Општина Кисела Вода реконструира четири улици во населба Драчево


 Во населбата Драчево започна реконструкција на улиците „Гутенбергова”, „Волтерова”, „Марија Кири” и „Ѓорѓи Војтех”, а на стартот на градешните активности денска присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. -Денеска сме на местото каде што започнуваат почетните градежни активности за реконструкција на четири значајни улици во нашата населба. Се работи за улиците: „Гутенбергова”, “Волтерова”, „Марија […]

Поранешниот директор Нино Васев не го коментира скандалот на Онкологија


  Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Нино Васев, денеска немаше коментар за состојбите на клиниката, каде во петокот истражните органи направија претрес и ги запленија медицинските истории на илјадници пациенти, за да истражат обележја на евентуални кривични дела. На новинарското прашање дали се препродавале лековите тој само кусо одговори дека сега не е […]

Лекарската комора бара да престане лепењето етикета „убијци“ на докторите


  Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но, изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор, нарекувајќи ги „убијци“ и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се […]

Новата бугарска еврокомесарка лесно го помина сослушувањето во ЕУ парламентот


  Илијана Иванова, кандидат на Бугарија за еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади, успешно го помина речиси тричасовното сослушување во Европскиот парламент во вторникот (5 септември), освојувајќи аплауз од европратениците. Иванова, поранешна европратеничка (2009-2012) и членка на Европскиот суд на ревизори (2013-2023), беше изборот на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен меѓу […]

Нови правила за вадење лична карта – измените на законот во Собрание


Се менуваат 9 члена од законот за издавање на лична карта. Собранието денес го усвои предлогот за измените на законот да се носат по скратена постапка, по што комисиите ќе го разгледуваат и ќе биде ставен на гласање пред пратениците. Со измените се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот […]

Маричиќ на состанок со амбасадорите од ЕУ


На иницијатива на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се одржа состанок со евроамбасадорот Дејвид Гир и шефовите на мисиите на ЕУ во нашата земја, на кој се разговараше на повеќе актуелни политички теми, со фокус на динамиката на процесот на преговори со ЕУ и реформите. „Правиме напори да ја промениме атмосферата што владее кај […]

Шолц најави големо проширување на мрежата на електрични полначи во Германија


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска најави голема кампања за проширување на станиците за полнење на електрични возила на саемот за мобилност IAA во Минхен. Шолц рече дека во следните недели, Германија ќе стане првата земја во Европа што ќе донесе закон со кој се бара од операторите да обезбедат 80 отсто од сите бензински пумпи […]

Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва“


Високиот украински функционер Михаило Подољак го отфрли предлогот на Турција дека Киев треба да го омекне својот став за да го оживее Црноморскиот договор за жито. Советникот на украинскиот претседател изјави дека Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва ниту политиката на смирување“. „На крајот на краиштата, да бидеме реални и да […]

Со првиот јавен повик од ИПАРД 3 на располагање 30 милиони евра


Со првиот јавен повик од ИПАРД 3 Програмата на располагање се 30 милиони евра за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и диверзификација на фарми и развој на бизниси, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). -Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември […]

Собранието ќе расправа за случувањата на Клиниката за онкологија


При дефинирањето на дневниот ред од денешната 125. седница, Собранието ги усвои предлозите да се разгледа конечниот извештај за извршената ревизија за работењето во 2021 година за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје и да се формира анкетна комисија која ќе работи на случајот со клиниката. Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, кој […]

Ковачевски во Талин се сретна со Калас, премиерката на Естонија


  Во рамките на учеството на Талинскиот дигитален самит 2023 македонскиот премиер Димитар Ковачевски се сретна со премиерката на Естонија Каја Калас. На средбата се разговарало за блиските и пријателски односи меѓу Македонија и Естонија, кои и како земји сојузнички во НАТО. Ковачевски се заблагодари за естонската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како […]

Поради зголемувањето на државната поддршка, повеќето Германци сметаат дека веќе не вреди да се работи


  Мнозинството Германци веруваат дека повеќе не вреди да се работи со оглед на зголемувањето на државната поддршка, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење. Според истражувањето на институтот ИНСА за дневниот весник „Билд“, 52 отсто од испитаниците сметаат дека работата не вреди, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на […]

Во скопската Зоолошка градина угина сибирската тигрица Надја


Сибирската тигрица Надја угина во длабока старост во скопската Зоолошка градина, со жалење изестија од uправата на оваа институција. Од Зоолошката нагласија дека Надја била еден од најстарите тигри во Европа. „Надја во скопската Зоолошка градина пристигна од Будимпешта во 2010 година, кога имаше осум години во тогаш новоизграденото живеалиште за тигри по светски стандарди. […]

Производителот на лековите за слабеење „Вегови“ и „Оземпек“ сега е највредната компанија во Европа


„Ново Нордиск“ го симна од тронот гигантот за луксузни стоки ЛВМХ (LVMH) на Бернард Арно како највредната компанија во Европа. Акциите на данскиот производител на лекови се зголемија за 40 отсто досега оваа година, поттикнати од експлозијата на побарувачката за неговите лекови за слабеење „Вегови“ и „Оземпек“ (Wegovy и Ozempic). На затворањето на тргувањето во […]

Македонија и Србија ќе работат на градење на ефективни служби по медицина на трудот


Северна Македонија и Србија ќе работат заедно на изградба на ефикасни механизми базирани на словачкото искуство, за унапредување на квалитетот на услуги во медицината на трудот, дигитализација на податоците за професионални болести и изградба на систем на регистар на професионални болести.  Во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа завршната конференција на проектот […]

Западниот умерен национализам на Мелони


Откако стана премиер на Италија, Џорџија Мелони е изненадување за бриселските скептици. Како лидер на крајнодесничарската партија Италијански браќа, многумина очекуваа таа да биде огнена, слично како Унгарецот Виктор Орбан. Но, наместо тоа, таа се стреми кон друга цел – да стане првиот лидер на популистичката десница кој се обидува да создаде вистинска паневропска унија. […]

Интерес за нови германски инвестиции има, потребни се обуки на кадарот и подобра патна инфраструктура


Интересот на германските компании за инвестиции во Северна Македонија е голем, државата е стабилна и располага со кадровски потенцијал. За потенцијалните германски инвеститори не се проблем трошоците за работната сила, туку ја истакнуваат важноста на нејзините квалификации и ги разгледуваат можностите за нејзино дообразување преку обуки и разни тренинг програми. Укажуваат и на потребата од […]

Ердоган: Русија има два конкретни услови за продолжување на договорот за житото


  Русија побара исполнување на две конкретни барања за да го потврди продолжувањето на договорот за жито, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговото враќање од Сочи во вторникот, јавува турската државна новинска агенција Анадолија. Според Ердоган, барањата се: Повторно поврзување на руската земјоделска банка со системот SWIFT Осигурување на бродови кои […]

Словачка наскоро би можела да стане најновиот сојузник на Русија


  Словачка е многу поважна отколку што сфаќа Европа. На 30 септември малата европска земја одржува парламентарни избори кои ќе имаат последици далеку од нејзините граници. Ако анкетите се точни, тоа би го означило враќањето на Роберт Фицо: човек кој искажува пофалби на Москва и се моделира како Виктор Орбан, лидерот  во соседна Унгарија. Европската […]

Во Шпанија од поплава спасено дете кое осум часа се држело за дрво


Десетгодишно момче од Шпанија е спасено откако осум часа се држело за дрво за да не го однесе надојдената вода, која досега во земјата усмрти најмалку пет лица. Семејството на момчето престојувало во викендичка во градот Алдеа дел Фресно, западно од Мадрид, а кога во неделата започнало невремето, заминале со автомобил, кој го однела водата. […]