Пожар во липковско Ваксинце


Повторно избувнал пожар во липковското село Ваксинце, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. -Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на АД Макпетрол, соопшти Ангелов. Тој кажа дека на ова […]

Невремето „Даниел“ донесе најголемо количество дожд во Грција од кога се води евиденција


Според метеоролозите станува збор за најекстремната појава во однос на максималното количество дожд во период од 24 часа, од кога се води евиденција во земјава, истакна министерот за цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Даниел“, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас потенцираше дека во областа Загора во Пилио, што заедно со Волос […]

Петмина исчезнати по поплавите што ја погодија западна Турција


 Пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, по обилните дождови и поплавите во западниот дел на Турција, јавија денеска турските медиуми. Во поплавите беа однесени и бунгалови во комплекс за одмор во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија. Обилни дождови вчера ја погодија и Мугла во […]

Борел потврди дека шведски функционер на ЕУ е затворен во Иран повеќе од 500 дена


Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска потврди дека Јохан Флодерус, шведски државјанин кој работи за Европската унија, е затворен во Техеран повеќе од 500 дена. Како што јави ДПА, Борел рекол дека за да се обезбеди негово ослободување, дипломатските служби на Европската унија „постојано го ставаат прашањето на маса“ на сите состаноци […]

Линда Евангелиста откри дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка двапати во 5 години


Њујорк- Супермоделот од 60-тите ЛИнда Евангелиста која се врати на голема врата на модната сцена со насловницата за „Вог“ откри дека во последните пет години двапати се борела со ракот на дојката. Евангелиста се појавува на новата дигитална насловна страница на WSJ.  Есенското издание за посветени на мажите, е снимен од близок пријател и познат […]

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за да ја поддржи цената


Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за 1 милион барели дневно од октомври до декември 2023 година, одржувајќи ја својата стратегија за поддршка на цената на нафтата, соопшти денеска нејзиното Министерство за енергетика. Саудиска Арабија, која е првиот светски извозник на нафта, го најави тоа намалување во јуни, по состанокот на […]

Владата ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите


Владата на денешната 182 седница ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите во земјава и странство. Како што информираат од Влада, овој стратешки документ има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и […]

Во Охрид се снима документарец за средновековното наследство на династијата Немањиќи


Во Охрид и Македонија викендот почна снимањето на документарец од новиот научен серијал „Средновековното наследство на династијата Немањиќи на почвата на денешна Република Македонија“. Стручен соработник и наратор на серијаталот е доц. д-р Јасмина Чириќ  од Филолошко-уметнички факултет при Универзитетот во Крагуевац. Таа заедно со новинарката Биљана Тодоровиќ-Георгиевска и екипата го посетија и Почесниот конзулат […]

Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024


Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година. На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ – нови бараки и трета зграда, „Томе […]

Македонските одбојкари поразени од Холандија


Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство, откако попладнево загуби од фаворизираната Холандија со 3-0 (25-19,25-19, 25-16) во својот четврти натпревар во групата Ц која се игра во Скопје. Македонските одбојкари влегоа во дуелот против силната Холандија хендикепирани без капитенот Никола Ѓоргиев, кој непосредно пред денешниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ […]

Армани се врати по 15 години на една ноќ во Венеција, еве кои беа ВИП гости (галерија)


Венеција- Иако ризикува да се претвори во клише-територија, не постои друг начин да се опише како Џорџо Армани ги презема своите проекти – ставајќи го своето срце и душа во нив. Толку многу што дизајнерот покажа длабоки емоции на локацијата на Арсенал пред неговото шоу на Arnabi Privé во сабота навечер овде, како дел од […]

Пожарот од село Руѓинце, стигна до Бељаковце


 Пожарот од село Руѓинце стигна до Бељаковце, досега зафатени се една напуштена куќа и дрвена плевна, информираа од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни екипи од неколку општини и хеликоптерот на МВР и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите […]

Возило виси од карпа на Галичица, луѓето не се повредени


 Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), возлиото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени. Пријавата за возилото била добиена на бројот 112. -Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, […]

Поплавени приморски градови на бугарскиот брег на Црно Море


Крајбрежниот регион на јужна Бугарија е погоден од обилни врнежи од дожд, што резултираше со големи поплави во туристичките места на Црното Море, јави ДПА. Многу хотели и куќи денеска биле поплавени, јавуваат бугарските медиуми. Властите во градот Царево прогласија вонредна состојба откако реката Велека излеа од коритото. Според БТА во Царево загинале две лица. […]

(Видео) Германски турист ја оштетил фонтаната Нептун во Фиренца


Германски 22-годишен турист ја оштетил познатата фонтана Нептун во Фиренца додека се качувал на знаменитоста за фотосесија. Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се слика, но притоа скршил дел од мермерот на пајтонот. Questo turista ha pensato bene di salire sul Nettuno per un selfie. Per […]

Македонија ќе ја поддржи програмата за ТВ серии на ЕУРИМАЖ


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од учество на Република Северна Македонија во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на ЕУРИМАЖ и го прифати текстот на Договорот меѓу Советот на Европа и Министерството за култура на Северна Македонија за финансирање на проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. -ЕУРИМАЖ, […]

САД втор полуфиналист на СП во кошарка


Манила- Американците тотално ја понижија Италија во втората четвртфинална пресметка на Мундобаскетот 2023. „Дрим-тимот“ на САД славеше убедливо со 63-100 против Италијанците, и и се приклучи на Србија како втор полуфиналист досега на светскиот кошаркарски шампионат. Италијанците само на почетокот некака, во првите пет минути одржуваа ритам со Американците, и тоа главно поради грешки на […]

Дајана Рос ѝ го честиташе роденденот на Бијонсе на сцена


Лос Анџелес– Легендите ги поддржуваат легендите на светската турнеја „Ренесанса“ на Бијонсе. Поранешната пејачка на Дестинис Чајлд стана видно емотивна во понеделникот вечерта, откако легендата Дијана Рос ја изненади на сцената за да ја предводи публиката во групна изведба на „Среќен роденден“ на стадионот СоФи. Среде големиот влез на Рос, ѕвездите се прегрнаа пред 79-годишната […]

Патувачко кино на „МакеДокс“ во светиниколско и во велешко


Филмската програма на 14. Патувачко кино на „МакеДокс“ ќе се прикаже во два термини, од 8 до 11 септември во регионот околу Свети Николе, како и од 14 до 17 септември во велешкиот регион, објави Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“. Оттаму информираат дека годинава има два новитети на Патувачкото кино. „Едниот настан се одржа […]

Гардијан го блокира ChatGPT да не ги презема нивните содржини


Британскиот весник Гардијан ја блокираше компанијата OpenAI да ја користи неговата содржина за употреба на нивната содржина на производите со вештачка интелигенција како што е ChatGPT, пишува Гардијан.  Загриженоста дека OpenAI користи нелиценцирана содржина за да ги создаде своите алатки за вештачка интелигенција доведе до тоа писателите да поднесат тужби против компанијата и креативните индустрии, повикувајќи […]