Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва“


Високиот украински функционер Михаило Подољак го отфрли предлогот на Турција дека Киев треба да го омекне својот став за да го оживее Црноморскиот договор за жито.

Советникот на украинскиот претседател изјави дека Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва ниту политиката на смирување“.

„На крајот на краиштата, да бидеме реални и да престанеме да зборуваме за непостоечки опции и да не ја охрабруваме Русија да врши нови злосторства“, изјави Подољак.