Албанија има 2,76 милиони жители, просечната возраст достигнува 38,8 години


Во Албанија продолжува падот на бројот на населението па така на крајот на минатата година имала 2.761.785 жители или за 1,1 отсто помалку споредено со 2021 година. Намалувањето на бројот на жители доаѓа од повеќе причини поврзани со демографската структура и извештаите за имиграција, што предизвикува континуирано намалување на населението од 1990 година. -Само минатата […]

Соларни панели – еколошка катастрофа што чека да се случи?


Додека тие се промовираат низ светот како клучно оружје за намалување на емисиите на јаглерод, соларните панели имаат животен век до 25 години, пишува Би-би-си. Експертите велат дека милијарди панели на крајот ќе треба да се отстранат и заменат. „Светот има инсталирано повеќе од еден терават соларен капацитет. Обичните соларни панели имаат капацитет од околу […]

Лагард: ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки за да ја намали инфлацијата


Директорката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска изјави дека ценовните притисоци се „силни“ и нагласи дека ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки доволно за да ја намали инфлацијата и ќе ги задржи „колку што е потребно“. – Нашите идни одлуки ќе гарантираат референтните каматни стапки да се доведат до нивоа што се доволно […]

Телескопот „Џејмс Веб“ сними раѓање на ѕвезди во соѕвездието Девица


Американската вселенска агенција НАСА, Европската вселенска агенција ЕСА и Канадската вселенска агенција ЦСА често објавуваат фотографии направени од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, кои се импресивни и придонесуваат за проширување на знаењето за универзумот. Последните фотографии испратени од „Веб“ се од спиралната галаксија NGC 5068, која има светла централна лента. Фотографијата се состои од инфрацрвени слики […]

Реконструкцијата на „АСНОМ“ најавена во февруари, денеска е речиси на почеток


Најавената реконструкција на булеварот „АСНОМ“, што се случи на 15 февруари годинава, далеку е од привршување. Работите се на почеток, може да се заклучи од она што може да се види на терен. Дел од едната лента е со изгребан асфалт, а по него стои тешка механизација, но жителите на населбата, кои секојдневно поминуваат од […]

Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија


 Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it. Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала […]

Почина Џим Хајнс, првиот човек кој истрча 100 метри под 10 секунди


Меѓународната атлетска федерација објави денеска дека почина легендарниот американски спринтер Џим Хајнс, првиот човек во историјата кој официјално истрча 100 метри под 10 секунди, и воедно олимписки првак од Мексико 1968. Хајнс починал во саботата на 76-годишна возраст. Американскиот спринтер на државното првенство 1968 во Сакраменто ја истрча патеката од 100 метри за 9.9 секунди, […]

Рекорден број странци добија германски пасош минатата година


Берлин – Во Германија минатата година повеќе од 168.000 странци добиле германски пасош, што е најголема бројка во последните 20 години. Ова е за 28 отсто повеќе од една година претходно, соопшти Сојузниот завод за статистика во Визбаден, истакнувајќи дека во последните 20 години не се регистрирани толку многу нови жители, пренесува Дојче веле. Минатата година […]

Скопје домаќин на Европското првенство во танци 2023


Денес, 05.06.2023, во СЦ Борис Трајкоски беше одржана прес-конференција по повод Европското првенство во танци 2023. Истата беше можност за организаторите да ја споделат својата визија, да ја истакнат важноста на настанот и да дадат дополнителни детали за првенството. Почитувани членови на организацискиот одбор во состав Карстен Рот, супервизор на првенството, Кирстен Дан Јенсен, Генерален секретар […]

Меѓународниот механизам за кривични трибунали ја потврди пресудата за Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ


Апелациската комора на Меѓународниот резидуален механизам за кривичните трибунали (IRMCT) донесе пресуда во случајот против двајца поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) при МВР на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, со што ја потврди првичната првостепената пресуда и им ја зголеми казната на 15 години затвор. Тие се осудени дека како дел од поголема […]

„КОСТАЛ Македонија“ со трет инвестициски циклус вредeн речиси 50 милиони евра


  Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи имаше средба со претставници на менаџментот на КОСТАЛ Групацијата. На средбата беше најавена новата, трета по ред, инвестиција на германската компанија за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија „Костал“, која […]

„Макстил“ доби награда за најеколошка компанија во Општина Гази Баба


„Макстил“ доби награда од Општина Гази Баба како најеколошка компанија односно компанија со успешна примена на еколошки стандарди и со особен придонес кон зачувувањето на животната средина. Доделувањето на наградата следи по општинскиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологија“ каде во пет различни категории, аплицираа стопански субјекти, институции, организации и граѓани од општината, […]

Битиќи: Конкурентноста и иновативноста создаваат нови потенцијали за економски раст


Земјава е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште се тука, во однос на синџирите на дистрибуција, скоковите на цените, финансиските нарушувања, енергетската несигурност и геополитичките тензии. Ова, како што соопштија од владината прес-служба, го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи […]

Стартапот „Неуралинк“ на Маск проценет на околу пет милијарди долари


Стартапот на Илон Маск за импланти во мозок „Неуралинк“, кој беше проценет на речиси 2 милијарди долари во приватно финансирање пред две години, сега вреди околу 5 милијарди долари врз основа на приватно тргување со акции, пишува Ројтерс. Некои купувања од страна на инвеститори ја зголемија вредноста во последниве месеци, пред објавата на „Неуралинк“ на […]

Ќерката на Желев ја нарече политиката на Радев „чиста форма на национално предавство“


  Станка Желева, ќерка на првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, упати отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, во кое неговата политичка позиција ја нарече „чиста форма на национално предавство“ и му порача дека порано или подоцна ќе одговара пред бугарскиот народ, пред напуштените сонародници во Украина и пред судот на историјата. […]

Највисока во Словенија, најниска во Македонија: Колкави се просечните плати во земјите од екс Југославија


  Највисока просечна плата исплатена во земјите од поранешна СФРЈ во март годинава имала Словенија од 1.423,75 евра, а најниска во Северна Македонија – 568 евра. Просечната нето плата во Србија во март била 729 евра (85.485 динари). Споредено со истиот месец од претходната година, просечната нето-плата за март 2023 година е номинално повисока за […]

Украина креирала мрежа на диверзанти во Русија, објави Си-Ен-Ен


  Украина креираше мрежа од агенти во Русија кои вршат саботажа на територијата на Руската Федерација и им обезбедува беспилотни летала за да организираат напади, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори запознаени со податоци на американските разузнавачки служби. Според американски официјални лица, овие агенти стојат зад нападот со дрон врз Кремљ, кој наводно бил лансиран […]

Големи шумски пожари кај Берлин, проблем се мините


Во сојузната покраина Бранденбург на истокот на Германија денеска повторно се разгореа шумски пожари на вкупна површина од околу 150 хектари, а посебна опасност претставува преостанатата муниција во областа што некогаш служела како воен полигон. „Во моментов пожарот гори на површина од околу 8 хектари, а останатиот дел тлее“, изјави шефицата на општинската канцеларија за […]

Ако Трамп се врати


Како што започнува сезоната на предизборната кампања за претседателските избори во САД во 2024 година, најверојатниот последен натпревар ќе биде реваншот меѓу претседателот Џо Бајден и Доналд Трамп. Судејќи според изборната мапа во 2020 година, Бајден би бил добро поставен да победи. Но, американската политика е непредвидлива и многу здравствени, правни или економски изненадувања би […]

ДУИ ја прослави годишнината раскарана, Ахмети повика на политичка зрелост


  ДУИ ја одбележа 21-годишнината од создавањето на партијата раскарана и поделена како партија на два дела. На форумот што го организираше во „Александар Палас“ отсуствуваа добар дел од основачите и партиските лидери, а „огнените“  одржаа паралелна прослава. Тоа што за првпат на  годишнина е без некои од своите сопартијци и пријатели лидерот на ДУИ, […]