Убиени двајца во Љубљана, убиецот во бегство


Нешто пред 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање. Според последните информациите две лица загинале, а сторителот е во бегство. Полицијата сѐ уште трага по него. Полицијата веќе го обезбеди местото на настанот, каде прибира информации за настанот. Сѐ уште се трага по сторителот кој по пукањето побегнал. Полицијата првично извести дека се повредени […]

Фракцијата на ДУИ славеше партиска годишнина во Тетово


Одбележуваме 21 година од формирањето на нашата партија. И ние како фракција уште еднаш ги истакнуваме нашите вредности, врз кои се формира нашата партија. Ги истакнавме уште еднаш нашите барања и нашите незадоволствата што ги имаме внатре во партијата, изјави Саранда Имери, претставничка на фракцијата на ДУИ, на денешната прослава во Тетово по повод 21-годишнината […]

Камери за сообраќајни прекршоци до крај на летово


До крајот на летото се очекува поставување на камери на автопатиштата, експресните патишта, но и низ градовите, кои ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, најави денеска од Штип, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на прашање на МИА дали ќе се постават камери на патните делници, бидејќи само за неколку дена во две одделни сообраќајни несреќи […]

Украина ем води војна, ем ги обновува разурнатите градови (галерија)


  Неверојатни споредбени фотографии стигнуваат од Украина кои документираат како државата, која е цел на невидената целосна инвазија од Русија, ги обновува разурнатите градови од првите месеци на агресијата. Фотографиите што ги објави Радио Слобода за тоа како изгледаше Буча во една од најжестоките битка на почетокот на инвазијата и како изгледа сега, една година […]

„Макпетрол“: природниот гас и метанот во јуни достапни по пониски цени


Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец јуни ќе се намали за 13.82% за мегават час, во однос на цената за месец мај ова година. […]

Алиу: Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче


Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал  www.uslugi.gov.mk.  -Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата “eID” од порталот www.uslugi.gov.mk ќе […]

Пожар во средното училиште за физичка култура, нема жртви, ниту поголеми штети


Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети. – Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем […]

Нада Пешева добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“


Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ и ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година од областа на ликовната критика на Нада Пешева за проектот „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“. Комисијата во состав: Елена Вељановска, Владимир Јанчевски и Тихомир Топузовски ја донесе одлуката за наградата заради важноста, актуелноста и […]

Се изработуваат бисти за 12 младинци стрелани во минатото во Ваташа


Во чест на 12 -те Ваташки младинци, кои во минатото беа стрелани во Ваташа, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години од нивната смрт, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. […]

Ученици и наставници од „Орце Николов“ и „Васил Антевски – Дрен“ на размена во Франција


Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта   Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер ја промовираа иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики […]

Украинците повратија територии кај Бахмут, објави Пригожин


  Вооружените сили на Украина повратија дел од окупираните територии кај Бахмут за време на контраофанзивата, изјави Евгениј Пригожин, шеф на платеничката група „Вагнер“. Според него, Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги прегрупирале и распоредиле војници долж акумулацијата Берховка за да ја заштитат населбата […]

Ангелов: Тротинетите се опасни – треба да ги регулираме!


Центарот за управување со кризи ги повикува надлежните институции да присуствуваат на координативните средби, за да се договараат за употребата и изнајмувањето на електричните тротинети со цел намалување на ризиците по здравјето и да се заштити безбедноста и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување […]

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара да не се менува Уставот под бугарски диктат


Пратеничката група на Коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на одржувањето на лидерската средба го реафирмира ставот за неотварање на Уставот на Македонија, а со цел уставни измени. Во соопштението од Пратеничката група се потенцира дека уставните измени кои ги прифаќа македонската Влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на […]

Прв билатерален шпанско-македонски форум во Скопје


Во пресрет на шпанското претседателствување со Европската унија, кое почнува од 1 јули, во Министерството за надворешни работи беше организиран прв билатерален форум со тинк-тенкови од оваа земја.   Целта на форумот е  да се објасни долгогодишното шпанско отсуство во регионот, а особено во Македонија и да се престави актуелната политика на Мадрид кој стана […]

Циципас против Алкараз за полуфинале на „Ролан Гарос“


Париз- Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“. Циципас на Отвореното првенство во Франција го совлада Себастијан Офнер од Австрија со резултат 7:6, 6:3 и 6:0. Во првиот сет Австриецот му пружи силен отпор на моментно петтопласираниот тенисер во светот, но потклекна во тај-брејкот. Следните два сета му припаднаа на Гркот, […]

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во ЖРСМ Транспорт


Железничкиот сообраќај во државава е нормализиран, откако денеска во 13 часот е исплатена платата за април во ЖРСМ Транспорт АД Скопје и е прекинат бојкотот што го почнаа изутрината вработените во работилницата при подружницата влеча на возови. Во тек на неколкучасовниот бојкот не сообраќале два воза, еден патнички и еден товарен.  -Денеска во ЖРСМ Транспорт […]

Бесплатни униформи за сите ученици од општина Кисела Вода од септември


Сите основци од училиштата од општина Кисела Вода новата учебна година ќе ја започнат со бесплатни нови униформи. Општина Кисела Вода обезбеди средства во својот буџет во висина од 5 милиони денари кои ќе се потрошат на униформи, како дел од стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите деца. – Во услови кога социјалните […]

Меџити го разреши д-р Јовев: Веќе нема директори кои седат и спијат по 10 години


Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија. Меџити на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација кажа дека д-р Јовев е разрешен. -Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и […]

Општина Центар и Амбасадата на САД зачистија околу Калето


По повод 50-годишниот јубилеј од одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5 јуни, Општина Центар-Скопје и Амбасадата на САД во Македонија утринава заеднички чистеа околу тврдината Кале. Во новата екоакција, која се одвиваше под мотото #BeatPlasticPollution!, се вклучија градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и амбасадорката на САД, Ангела П. Агелер. Целта […]

Стојчевска и Филипиду на увид во Курбиново: Заштитата на црквата „Св. Ѓорѓи“ е пример на тесна билатерална соработка


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, извршија увид на конзерваторските работи што се вршат на црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново. Проектот за заштита на црквата, фреските и комплетното културно наследство го вршат Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици […]