Украина ем води војна, ем ги обновува разурнатите градови (галерија)


 

Неверојатни споредбени фотографии стигнуваат од Украина кои документираат како државата, која е цел на невидената целосна инвазија од Русија, ги обновува разурнатите градови од првите месеци на агресијата.

Фотографиите што ги објави Радио Слобода за тоа како изгледаше Буча во една од најжестоките битка на почетокот на инвазијата и како изгледа сега, една година подоцна, се фасцинантни. Тоа покажува дека Украинците водат војна за својата слобода, но не се жалат премногу. Тие се на бојното поле, но и ги обновуваат разураните градови.