Убиени двајца во Љубљана, убиецот во бегство


Нешто пред 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање. Според последните информациите две лица загинале, а сторителот е во бегство. Полицијата сѐ уште трага по него.

Полицијата веќе го обезбеди местото на настанот, каде прибира информации за настанот. Сѐ уште се трага по сторителот кој по пукањето побегнал. Полицијата првично извести дека се повредени две лица, но подоцна соопштено е дека починале поради тешки повреди.